Контакт

Свет

Зошто се разменуваат шпионите?

Објавено пред

Русија и САД ги разменија шпионите од двете страни, што за аналитиачрите на институтот СТРАТФОР отвора други прашања

dobivaj vesti na viber

Гласините за размената започнаа кога адвокатите на затворените во Русија ја навестија таа можност. Адвокатот и семејството на Игор Сутјагин, руски истражувач за разоружување обвинет за шпионирање во 2004 година, на 7 јули почнаа да најавуваат дека е нареден некаков вид на размена и дека Игор бил префрлен во Виена. Анонимни извори во медиумите почнаа да шпекулираат дека уште тројца Руси, кој се затворени во Русија поради шпионирање, биле земени предвид за размената: Сергеј Скрипал, поранешен полковник во рускиот Директорат за воено разузнавање, Александар Сипачев, поранешен полковник во руската служба за странско разузнавање (СВР) и Александар Запорожски, уште еден поранешен полковник на СВР. Сите се обвинети за шпионирање во корист на ЦИА.Ништо од ова не беше потврдено ниту од Вашингтон, ниту од Москва и отпрвин се чинеше дека сета работа е само претерување од страна на адвокатите на затворениците. Сепак, Сутјагин наводно бил префрлен во Виена, а американските судови набрзина ги префрлија десетте осомничени руски агенти во суд во Њујорк за да се појават првичното сослушување. Медиумите го цитираат адвокатот на осомничената руска шпионка Ана Чапман, кој изјавил дека Ана ќе се изјасни како виновна и веднаш ќе биде депортирана, под претпоставка во замена за оние кои  се затворени во Русија. Непосредно пред почетокот на сослушувањето, еден од обвинителите ги потврди шпекулациите дека сите десетмина ќе се изјаснат како виновни. Се навестува дека многу повеќе наводни шпиони ќе бидат вклучен во размената, но останува нејасно кој ќе биде испратен во Русија и како. Деветмина од  осомничените (сите освен Вики Пелаез) се родени во Русија и повеќето од нив имаат деца во САД.Размената на шпиони помеѓу Русија и САД не е ништо ново. Можеби најпрочуена размена беше онаа на полковникот во руското разузнавање, Рудолф Абел (вистинското име му беше Вилијам Фишер), за пилотот на американското шпионско летало „У-2“, Гери Пуерс во 1962 година. Последната позната размена се случи во 1986 година, кога американскиот новинар и обвинети шпион Николас Данилоф беше заменет за рускиот дипломат и обвинет шпион Генадиј Захаров.Ова, исто така, ќе биде прва јавна размена по речиси 25 години, но и најбрзата: осомничените Руси во притвор се наоѓаат само 11 дена. Овие размени обично се случуваат откако и двете страни повеќе немаат разузнавачка корист од оние кои ги држат во заробеништво. Обвинетите американски агенти се во затвор повеќе од пет години или повеќе и најверојатно биле темелно испрашани, за да можат Русите темелно да ја сфатат нивната разузнавачка вредност за САД, како и нивните тактики и професионална вокација. Многу е тешко Американците да го спровеле сето ова со десетмината уапсени за толку кратко време.Најпопуларната теорија за брзината на оваа размена е дека со тоа се прави обид да се одржат затоплените односи помеѓу двете земји, пред се бидејќи Русија сега се потпира на американската помош при нејзиниот обид за модернизација на економијата. Не претставува изненадување ниту за една од владите (иако Русите беа изненадени од апсењата) тоа што и шпионите во Русија и оние во Америка се свесни за ризикот од тоа да бидат фатени. Ако се земе предвид дека Белата куќа не крена голема врева околу случајов, а апсењата му годат на гордиот руски народ, тогаш навистина не постои дипломатско оправдување за ургентноста.Разузнавачките операции се одвиваат независно од односите помеѓу државите. Вистинското прашање е што се случува зад сцената при ваквите разузнавачки и контраразузнавачки операции. Многумина од осомничените Руси не биле дел од ист  окружок, како што известуваат медиумите, па така апсењето на неколкумина од нив со цел да бидат вратени во Русија не значи дека требало сите да бидат уапсени. Сепак, апсењата од висок профил честопати ги плашат другите шпиони и потенцијално водат кој избрзани акции или комуникација со нивните претпоставени.Ако руските агенти бргу бидат ослободени, тогаш целата акција најверојатно била тресење на дрвото за да испадне нешто друго. Тоа би можело да биде се, од откривање на други разузнавачки операции во САД, до спречување разузнавачките информации собрани од Русите да бидат испратени во Москва., одговор на некој шпионски настан во Русија (како на пример затскриено апсење на некој американски шпион), или здобивање со предност при некоја друга истрага.Ослободувањето на некој од десетте Руси ќе значи дека ФБИ ги собрал сите разузнавачки информации за кои мисли дека му се потребни или може да ги добие, затоа што има поврзани случаи кои тие се уште не сакаат да бидат откриени преку јавното судско сослушување

Свет

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Објавено пред

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски функционери за Си-Ен-Ен, додека тој размислува да ги спроведе своите неодамнешни закани да ја нападне иранската влада доколку таа употреби смртоносна сила против цивили.

dobivaj vesti na viber

Функционерите рекоа дека Трамп бил запознаен со различни планови за интервенција, бидејќи насилството во земјата доведе до десетици жртви и апсења. Некои од дискусиите вклучувале и опции што не подразбираат директна воена сила на САД.

Многу од опциите што му биле претставени на претседателот се однесуваат на таргетирање на безбедносните служби на Техеран кои се користат за гаснење на протестите, велат американските функционери.

Сепак, постојат загрижености во администрацијата дека воените напади може да се вратат како бумеранг и да ја ослабат поддршката за протестите. Функционерите истакнаа дека нападите можат ненамерно да ги обединат Иранците во поддршка на владата или да предизвикаат Иран да возврати со своја воена сила.

Претседателот сè уште не донел конечна одлука за интервенција, но сериозно ја разгледува можноста за акција додека бројот на загинати во Иран продолжува да расте. Опциите што ги разгледува не вклучуваат ставање американски војници на терен, соопшти висок функционер од Белата куќа.

Според американската агенција за човекови права HRANA, од почетокот на протестите пред две недели, кога се прошириле низ сите 31 провинции на Иран, загинале 116 лица. Сè уште не е јасно дали бројката целосно ја отсликува големината на жртвите, поради националниот прекин на интернет и телефонските линии.

„Иран гледа кон слобода, можеби како никогаш досега. САД се подготвени да помогнат!“, објави Трамп на социјалните мрежи.

Трамп претходно изјави дека ако Техеран користи смртоносна сила против протестанти, САД ќе се вклучат.

„Јас јасно реков дека ако почнат да убиваат луѓе како што правеле порано, ние ќе се вклучиме. И тоа не значи стапала на терен, туку удари таму каде што боли многу, многу силно.“

Секретарот за надворешни работи Марко Рубио и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговарале за тековните протести, како и за ситуацијата во Сирија и Газа.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека ја „набљудуваат ситуацијата“ во Иран, додека земјата влегува во третата недела на антивладини протести. „Протестите се внатрешно иранско прашање. Сепак, ИДФ е подготвена одбранбено и постојано ги подобрува своите капацитети и оперативна подготвеност“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Свет

Бројот на жртви во иранските протести се искачи на 466

Објавено пред

Бројот на загинати во протестите во Иран се зголеми повеќе од двојно во последните часови, објави Ројтерс, повикувајќи се на американската новинска агенција на активисти за човекови права.

dobivaj vesti na viber

Во своето најново ажурирање, независната организација соопшти дека досега починале 466 лица – огромно зголемување во однос на претходната бројка од 203.

Групите за човекови права соопштуваат дека поради прекинот на комуникациите тешко може да се добие целосна документација, но дека бројот на загинати демонстранти постојано расте. Центарот за човекови права во Иран добил сигурни информации од сведоци дека стотици демонстранти биле убиени во последните денови.

Иранските власти уапсиле клучни членови на протестното движење што ја потресе земјата во последните две недели, изјави шефот на националната полиција.

„Минатата ноќ беа уапсени значајни лица од главните елементи на немирите, кои, ако Бог сака, ќе бидат казнети по правните процедури“, изјави шефот на полицијата, Ахмад-Реза Радан, за државната телевизија, без да прецизира колку лица се уапсени.

Иранскиот главен обвинител претходно кажа дека оние кои се фатени како протестираат или помагаат на демонстрантите може да бидат обвинети за „непријател на Бог“, што се казнува со смртна казна.

Протестното движење во Иран е најголемото незадоволство што земјата го доживеала во последните години. Иако првично предизвикано од нагло паѓање на вредноста на валутата, демонстрантите наскоро побараа политички реформи и пад на владата.

И покрај репресијата, протестите продолжија и вчера, а се очекувале нови демонстрации вечерва.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп побарал да се изработи план за инвазија на Гренланд – воени команданти се спротивставиле

Објавено пред

Американскиот претседател, Доналд Трамп, им нареди на американските воени команданти да изготват план за инвазија на Гренланд, но високи воени претставници се спротивставуваат на тоа, објави „Мејл он Сандеј“, повикувајќи се на извори.

dobivaj vesti na viber

Извори велат дека политичките „јастреби“ околу американскиот претседател, предводени од политичкиот советник Стивен Милер, се толку охрабрени од успехот на операцијата за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро што сакаат брзо да дејствуваат за да го заземат Гренланд, пред Русија или Кина да преземат потези во врска со арктичкиот остров.

Според извори, Трамп побарал од Заедничката команда за специјални операци да подготви план за инвазија на Гренланд, но командантите се спротивставуваат на тоа, тврдејќи дека тоа би било нелегално и дека Конгресот нема да поддржи таков план.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет1 час

Бројот на жртви во иранските протести се искачи на 466

Бројот на загинати во протестите во Иран се зголеми повеќе од двојно во последните часови, објави Ројтерс, повикувајќи се на...

Македонија7 часа

(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе

Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на...

Свет7 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет8 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет8 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет8 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет9 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија21 час

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија23 часа

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија1 ден

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија1 ден

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ1 ден

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет1 ден

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ1 ден

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет1 ден

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа1 ден

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...