Македонија
Мрежата за мултикултурно општество повика на учество во пописот
Припадниците на помалите етнички заедници да го искористат нивното Уставно право и на претстојниот попис да се изјаснат по својата етничка припадност, повикаа претставниците на Мрежата за мултикултурно општество.
Припадниците на помалите етнички заедници да го искористат нивното Уставно право и на претстојниот попис да се изјаснат по својата етничка припадност, повикаа претставниците на Мрежата за мултикултурно општество.
Според претставниците на оваа организација, во која членуваат претставници на Египќаните, Црногорците, Хрватите, Словенците, Русите, Ерменците, Украинците, Унгарците и Полјаците во Македонија, неспоменувањето на овие заедници во преамбулата во Уставот не значи дека таа заедница не е призната и дека немаат право да се изјаснат по својата етничка припадност.
„Политичкиот и правниот систем во Македонија е конституиран така да учеството во процесот на донесување на одлуки на национално и локално ниво зависи од бројот на изјаснети припадници на одредена заедница на последниот попис. Со тоа, слободното изјаснување на етничката припадност е предуслов за уживање и подобрување на индивидуалните и малцинските права на припадниците на заедниците“ изјави Рубин Земон, претставник на заедницата на Египќани во Македонија.
Од Мрежата, исто така информираа дека е прифатено нивното барање упатено до Државната пописна комисија, при објавувањето на резултатите, бројот на овие етнички заедници да се објави поединечно, а не збирно во графата „други“. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од снег низ целата држава, забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат. Врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава.
Од 05:45 часот тешките товарни возила поради врнежи од снег превентивно ќе се пренасочуваат од автопат А1 кај клучка Демир Капија до Смоквица по регионалниот патен правец (стариот пат) Р1102.
Активни забрани за тешките товарни возила:
· Гостивар – Маврово – Дебар
· Гостивар – Стража – Кичево
· Пресека
· Плетвар
· Ѓавато
· Струга – г.п. Ќафасан
· Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема)
· Струмица – Берово
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег
Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од -3 до 3 степени.
Во Скопје претежно облачно и студено со повремен снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе провејува слаб снег и ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а и дневните наместа ќе се задржат под нула. Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно и натаму студено време, со ниски утринските температури кои поради разведрувањето дополнително ќе опаднат и наместа ќе се спуштат под -10 степени.
Скопје
Без вода дел од Центар
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека поради уличен дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-80мм на улицата Партениј Зографски бр 23, без вода ќе останат корисниците од дел од истата улица во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.