Македонија
Мнозинството Македонци не веруваат во ниту еден политичар
Над половина од македонските граѓани немаат доверба во ниту еден од политичарите, покажува анкетата спроведена од страна на Институтот за демократија.
Над половина од македонските граѓани немаат доверба во ниту еден од политичарите, покажува анкетата спроведена од страна на Институтот за демократија. На прашањето „Во кој политичар имате најмногу доверба?“, 52,7 отсто одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар, 20,1 отсто веруваат во премиерот Никола Груевски, а зад него е претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски со 9,2 отсто. Во лидерот на ДУИ Али Ахмети доверба имаат 6,6 отсто од граѓаните, во Имер Селмани 2,5 отсто и во Мендух Тачи 1,9 отсто. Во сите други доверба имаат седум отсто од граѓаните. Слични резултати има и во однос на рејтингот на партиите. На прашањето „Доколку утре се одржат парламентарни избори за која партија би гласале вие? Дури 55,1 отсто од граѓаните не се определиле за ниту една партија, 20,1 отсто за ВМРО-ДПМНЕ, 10,3 отсто за СДСМ, 6,8 отсто за ДУИ, 2,7 отсто за ДПА и 1,5 отсто за Нова Демократија. Останатите партии, уживаат доверба од само 3,5 отсто. Анкетата на Институтот за демократија регистрира висока поддршка за влез на земјата во Европската Унија. На прашањето „Доколку утре има референдум за влез на Македонија во ЕУ како би гласале вие?“, 77,9 отсто одговориле со За, 8,5 отсто против, додека 6,4 отсто воопшто не би гласале на евентуален референдум. Без одговор на ова прашање се 7,2 отсто од граѓаните. Анкетата е спроведена телефонски на репрезентативен примерок од 1.112 испитаници. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Чаир и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Блаже Биринчето, општина Карпош.
Македонија
Сончево со умерена локална облачност: температурата до 14 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.
Македонија
Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена
Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за инфективни болести. Пациентката имала повеќе коморбидитети и не била вакцинирана против грип.
Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти со компликации од грип, oд кои повеќето се возрасни лица со хронични заболувања и невакцинирани од грип.
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, пред неколку дена кажа дека пикот се очекува да биде во втората половина од овој месец и првата половина од февруари.
„Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека и бројот на лица коишто ќе бидат заболени од грип или заболувања слични на грип може да биде зголемен“, рече Андоновска.
Институтот за јавно здравје препорачува оние коишто не се заболени да избегнуваат колку што е можно некакви собири или да престојуваат во простории или трговски центри каде што има голем број на луѓе, да избегнуваат контакт со веќе заболени лица или оние што ќе пројават некакви симптоми на кивање и кашлање. Често да се мијат раце со обичен сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни навики – редовна хидратација со течности односно вода, лесна храна, витамини, минерали.

