Македонија
Обука за 220 невработени лица за стекнување напредни ИТ вештини
Министрите за информатичко општество и администрација и за труд и социјална политика, Иво Ивановски и Диме Спасов, како и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски денеска го појаснија новиот објавен повик за обука за напредни ИТ вештини за 220 долгорочно невработени лица, активни баратели на работа.
Јава програмер и програмер за Веб апликации, За двете обуки по 110 неврабтнеи лица ќе идат опфатени. Средства ќе се реаизираат од измос 18 милиони денари добиени од ИПА програмата. Сите лица кои ќе ги завршат обуките кои од три до 6 месеци ќе сестекнат со меѓународно признаени сертификати.
Заклучно со 2014 година во вакви обуки учествувале 471 лице, успешно обуките ги завршиле 375 лица, од кои се вработиле 246 односно околу 65 проценти е успешноста на овој проект.
Министерот Ивановски појасни дека овој проект з анапредни ИТ вештини ќе се реализира во три дела, вештина најбарана на пазарот на трудот. За оваа година ДОТ. Нет програмирање, Јава програмирање тј Најави и дополнително 50 лица обука за Кад програмирање.
Поповски за да сес одберат најдобрите ќе се врши предселекција преку трестирање, по што ќе се нарави селекцијата, а ќе има ат можност и за жалба. Тримесечната обука за овие вештини со можност з аполагање и добивање добивање меѓуароден сертификат чини 1.350 евра.
На новинарско прашање какви се реаултатите од проектот „Македонија вработува“, министерот Спасов потенцира дека заклучно со вчера со овој проект се вработени 1.960 лица во 1.465 компании. Од 1.960 вработени досега, нагласи, 696 се млади до 29 години, додека пак 649 се лица до 35 години.Позитивно е, рече Спасов, да се истакне дека и повозрасните лица ги користат бенифициите и веќе полесно и побрзо стигнуваат до работните места.
„Овие 1.960 лица изминатиот месец и неколку дена, практично пред започнување на овој проект беа без работа, сега се веќе на своите работни места во приватниот сектор и остваруваат редовни средства, плата за егзистенција. Од друга страна овие 1.465 компании кои што ги искористија поволностите од проектот „Македонија вработува“ имаат солидна заштеда при отворањето нови работни места меѓутоа исто така во проширувањето на својот бизнис, а и секое ново вработено лице помага во развојот на приватните фирми“, изјави министерот Спасов.Тој изрази уверување дека овој Проект и понатаму ќе продолжи да вродува со резултати и да им помага и на македонските компании и пред се да им помага на невработените лица побрзо да дојдат до работни места.
Во однос на прифатните центри за барателите на азил, министерот Спасов оцени дека условите таму се солидни, а како Министерство за труд и социјална политика во сорботка со меѓународните организации континуирано се вложуваат напори и средства за нивно подобрување.
Прашан за ефектите од субвенциите за самовработување, директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски информираше дека процентот заклучно со 2014 година, се движи над 70 проценти./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Без одржлива струја нема развој на вештачката интелигенција – градиме гасни интерконектори со две соседни држави
Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и за гас, во однос на вештачката интелигенција. Се гради еден гасен интерконектор со Грција, а почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе нашата држава Србија, објасни премиерот Христијан Мицкоски на прашања поставени на панелот во Давос кои се однесуваа на вештачката интелигенција и потребните центри за гасови, како и тоа што прави Македонија да привлече странски директни инвестиции наспроти Хрватска и Словенија.
„Во однос на вештачката интелигенција ние ги зајакнуваме нашите преносни линии за електрична енергија но не само за електрична енергија, исто така ги зајакнуваме нашите преносни линии со преносните линии за гас. За центрите за податоци, ви е потребно одржливо би рекол, снабдување со електрична енергија. Значи некој мора да произведе одржливо и сигурно снабдување со електрична енергија за центрите за податоци, за да имаат добри, би рекол одлични перформанси на вештачката интелигенција. Во тој поглед градиме еден гасен интерконектор со Грција, а сега почнуваме да градиме гасен конектор што ќе ја поврзе мојата земја со Србија.
Што значи ова? Ќе го зголемуваме капацитетот на гас до осум милијарди кубни метри годишно. Досега трошиме половина милијарди кубни метри годишно, што значи дека илјадници и илјадници мегавати инсталиран капацитет електрани на гас да снабдуваат нови центри за податоци со електрична енергија. Ова е еден столб на еден пример и целиот институционален ризик го прифаќаме како Влада. Ова е нешто што можеме да им го обезбедиме на инвеститорите како поттик“, рече Мицкоски во Давос.
Во моментов се развиваат три важни проекти за производство на електрична енергија од хидроцентралите во вредност од 2 милијарди евра. Овие проекти, информираше премиерот, не се важни само за Македонија туку и за регионот.
„Сега развиваме три големи проект во однос на производство на електрична енергија од хидроцентрали. Зборуваме за проекти од 2 милијарди евра. Тие проекти се многу важни за нас, не само за производство на електрична енергија, туку тие три проекти се и стратешки важни за нас. Но не само за нас, туку и за регионот во целост.
Зборуваме за три големи брани кои ќе создадат три големи резервоари со многу чиста вода за пиење. Имајќи ги предвид климатските промени, мислам дека регионот ќе има потреба од тие резерви со вода за пиење, со чиста вода за пиење. И двата проекта се дел од каскада што се потпира на една голема река, наречена Црна Река. Низводно од таа каскада имаме најдоброто земјоделско земјиште во Европа, а тој регионот е познат како Тиквешки регион.
Практично сме фокусирани на енергијата, а во исто време имаме и други приоритети. Но веројатно сакате повеќе да зборувате за вештачката интелигенција. Исто сакате да се зборувате за електричната енергија и сите оние проекти кои се поврзани некако со тие две многу важни прашања, не само во мојата земја туку и овде во Давос. Многу пати слушаме од политичарите како зборуваат за вештачката интелигенција. Се прашувам дали сите тие можат да ја разберат суштината на вештачката интелигенција или ја користат вештачката интелигенција како популарен збор, како два популарни збора. Го завршив мојот докторат пред 16,17 години и користев алгоритам на фази логика за контрола на манипулативни роботи. Значи, практично тоа беше почетокот на вештачката интелигенција“, подвлече премиерот на панел дискусијата во Давос.
Економија
(Видео) Мицкоски од Давос: „Бошков Мост“, „Чебрен“ и „Галиште“ ги привлекоа инвеститорите
Премиерот Христијан Мицкоски од Давос соопшти дека имал уште еден успешен ден со бројни билатерални средби и настапи, во рамки на престојот на Светски економски форум.
„Уште еден успешен ден со многу билатерални средби“, изјави Мицкоски, посочувајќи дека денот започнал со средба со Борјана Кришто, по што следеле средби со мултинационални компании кои, како што рече, имаат значајна улога во глобалниот бизнис.
Мицкоски информираше дека имал и успешен панел на кој повторно се разговарало за клучните теми на овогодишниот самит во Давос – вештачката интелигенција, дата-центрите и потребата од зголемено производство на електрична енергија.
„Разговаравме со луѓе кои навистина значат во светот на вештачката интелигенција, фирми кои се водечки во управувањето со дата-центри, но и за предизвиците поврзани со потребата од зголемување на производството на електрична енергија“, изјави премиерот.
Тој додаде дека пред соговорниците ги презентирал и проектите кои за Владата се значајни, а кои опфаќаат производство на електрична енергија, подобрување на преносните капацитети и интерконекторите за електрична енергија и гас.
Мицкоски соопшти дека за прв пат на панелот ги презентирал и клучните проекти кои Владата планира да ги објави во периодот што следи – Бошков Мост, Чебрен и Галиште.
Според него, проектите привлекле големо внимание кај инвеститорите, кои по завршувањето на панелот му пристапиле за размена на контакти и биле поканети да ја посетат земјата. „Убеден сум дека овие проекти ќе бидат успешни, ќе додадат вредност во економијата на Македонија и во квалитетот на живот на македонските граѓани“, изјави Мицкоски.
Тој најави дека престојот во Давос продолжува со уште еден панел и презентација на инвестициските можности на Македонија пред нова група инвеститори, а враќањето во Скопје е планирано за утре.
Економија
НБРМ: Годишен раст од 10,1 отсто на вкупните депозити и од 13,0 проценти на вкупната кредитна поддршка
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 10,1%, во поголем дел поради растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор, соопшти НБРМ.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 13,0%, како резултат на растот на кредитите кај двата сектора, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2025/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2025_dekemvri_mk.pdf

