Македонија
Одбележан 65 години јубилеј на Државниот завод за статистика

Државниот завод за статистика покажа дека работи по високо професионални методи и според Еуростат постигнавме голем успех за релативно кратко време.
Државниот завод за статистика покажа дека работи по високо професионални методи и според Еуростат постигнавме голем успех за релативно кратко време.
Вака ја оцени работата на Државниот завод за статистика директорката Благица Новковска, на денешната свечена академија по повод јубилејот- 65 години од основањето на Државниот завод за статистика.
На новинарското прашање за трендот на пласирање на различни статистички податоци од Заводот, Народната банка и другите институции, Новковска рече дека разликите се базираат единствено поради различната методологија која ја користат.
Во тек е подготовка на предлог законот за пописот кој е во процедура за усвојување од страна на парламентот како и интензивните подготовки за пописот кој треба да се спроведе идната година од 1 до 15 април.
Новковска информираше дека во Државниот завод застапеноста на малцинствата на работните места е согласна со македонското законодавство./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот е во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци.
Поради незгодата од 07:30 часот сообраќајот е во прекин, додаде АМСМ.
Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.