Македонија
Охридско Езеро намалено за еден сантиметар
Охридското Езеро е намалено за еден сантиметар во однос на вчерашниот ден, беше соопштено на денешниот состанокот на Координативното тело за превенција од природни непогоди.
Охридското Езеро е намалено за еден сантиметар во однос на вчерашниот ден, беше соопштено на денешниот состанокот на Координативното тело за превенција од природни непогоди.
На состанокот присуствуваа претставници на сите релевантните институции, а беа разгледани информациите кои пристигнуваат од дежурните екипи на теренот и беа координирани превентивните активности кои се преземаат.
Во текот на денешниот ден продолжуваат активностите за уредување на речното корито на реката Црн Дрим кај месноста Луково а екипите на Дирекцијата за заштита и спасување на оваа локација превентивно работат на земјен насип во должина од 350 метри, висина од 5 м и широчина од 7 метри.
Во моментов се работи на поставувањето на заштитни потпори на цевководот и на пумпите на колекторскиот систем во Охрид, на потегот од Пештани до Елешец, а во населеното место Пласница се очекува да се заврши поставувањето на насип на реката Треска за да се спречи евентуално излевање на реката кон основното училиште во општина Пласница.
Во текот на утрешниот ден е предвидено Координативното тело да одржи состанок со градоначалникот на Охрид, во просториите на локалната самоуправа.
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денешниот ден се очекува облачно време со врнежи од снег, кои наместа ќе бидат поинтензивни особено во југоисточните делови од земјава, а ќе дува умерен до засилен, повремено силен ветер од источен правец./крај/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

