Свет
Израел ќе ја менува трасата на заштитниот ѕид
Израелската влада во недела треба да ја одобри новата траса на заштитниот ѕид на Западниот брег на река Јордан, изјави денеска претставник на владата.
Израелската влада во недела треба да ја одобри новата траса на заштитниот ѕид на Западниот брег на река Јордан, изјави денеска претставник на владата. Премиерот Ариел Шарон ќе побара согласност од кабинетот, не само за трасата на ѕидот, туку и за повлекување на 21 доселеничка колонија во појасот Газа и на четири други во северниот дел на Западниот брег, рече истиот извор. Согласно проектот за новата траса, во границите на израелската територија ќе останат седум насто од окупираниот Западен брег, а во првичниот проект стануваше збор за 16 отсто./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Обвинителството отворило предмет за незаконско следење на Мицкоски од безбедносните служби
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на вчерашната изјава на Претседателот на Владата на РСМ Христијан Мицкоски, кој на седница за пратенички прашања во Собранието на РСМ изјави дека бил незаконито следен од безбедносни служби во текот на 2020 година.
-Предметот веќе е даден на постапување на надлежно обвинителство за да ги испита наводите.
Имајќи предвид дека се работи за сензитивен карактер на пласираната информација, обвинителството ќе ги преземе сите неопходни активности преку надлежни органи за да ги испита својствата на можни инволвирани лица и евентуалните инкриминирани дејствија, велат од Обвинителството.
Свет
Силен земјотрес ги погоди Курилските острови
Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтер ги погоди Курилските острови, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC).
Земјотресот е регистриран во близина на градот Јужно-Курилск, во копнениот дел на најголемиот остров, каде живеат околу 6.000 луѓе, нешто пред 14 часот по европско време.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 152 километри.
Свет
Украина испраќа 500 тони брашно во Сирија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја испратила 500 тони пченично брашно во Сирија како хуманитарна помош.
Зеленски изјави дека станува збор за хуманитарна иницијатива „Жито од Украина“, што Киев ја почна во соработка со Светската програма за храна на Обединетите нации.
Планирано е брашното да биде поделено на 33.250 семејства, односно меѓу 167.000 луѓе, во текот на неколку недели.
Секој пакет е тежок 15 килограми и може да прехрани петчлено семејство еден месец, рече Зеленски.
По соборувањето на сирискиот претседател Башар ал-Асад, кој беше близок руски сојузник, Зеленски рече дека Украина сака да ги обнови односите со Дамаск, според „Ројтерс“.