Свет
Венецуела нема намера да ги прекине односите со САД

Претседателот на Венецуела, Уго Чавез во разговор со државниот секретар на САД, Хилари Клинтон истакнал дека официјален Каракс нема намера да ги прекине дипломатските односи со Вашингтон. Весникот „Корнео дел Ориноко“ пренесува дека Чавез ова на Клинтон и го рекол на неформален разговор за време на инаугурацијата на бразилската претседателка Дилма Русеф во Бразилија на 1 јануари годинава. Според неговите зборови, Венецуела има намера да одржува пријателски односи со САД „поради прашања од национално значејње“. САД и Венецуела имаат затегнати односи, Чавес е голем критичар на американската политика, но САД и понатаму се најголемиот купувач на венецуелската нафта. крај/бета/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ ќе се обрати во 22 часот

Српскиот претседател Александар Вучиќ се огласи на својот Инстаграм профил и напиша порака од само два збора.
– Да живее Србија – напиша Вучиќ.
Како што пренесува Танјуг, Вучиќ најави дека вечерва во 22 часот ќе им се обрати на граѓаните.
Регион
(Видео) Српското МВР процени дека на протестот во Белград присуствувале 107.000 луѓе, инциденти нема

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека според проценките на полицијата, на сите локации во Белград има околу 107.000 луѓе, од кои најголем број доаѓаат од внатрешноста.
Поголеми инциденти или нарушување на јавниот ред и мир досега немало, соопшти МВР.
Slavija Square,Belgrade, right now. pic.twitter.com/m6Jc9PK3Pe
— 🇺🇦 paolo rel (@paolobucci18) March 15, 2025
Во моментов, студентските редари заедно со моторџиите се обидуваат да го расчистат просторот околу Собранието и да ги пренасочат демонстрантите кон Славија за да ја намалат можноста за инциденти.
Тие велат дека треба да се пренесе дека собирот е мирен, да не се користи пиротехничка опрема и никој да не паѓа на провокации.
Во Белград во тек е протестот 15 за 15.
Регион
(Фото+видео) „Тука сме затоа што предолго страдавме, но нема повеќе“ рече студентка на протестот во Белград

Во главниот град на Србија се одржува протест организиран од студенти кои веќе три и пол месеци ги блокираат универзитетите низ земјата, барајќи политичка и правна одговорност за смртта на 15 лица при уривање на настрешница во Нови Сад. На собирот не се забележани никакви инциденти.
Студентка на Славија која читаше говор на сцената рече „ние сме тука затоа што предолго страдавме, но нема повеќе“, додавајќи дека „повеќе нема да се дозволи корупцијата да загрозува нечиј живот“.
„Тука сме затоа што повеќе нема да дозволиме да ни ја одземате слободата, затоа што меѓусебно се заштитуваме, како што го лишивте студентот Реља и другите граѓани на протестот во Нови Сад. Тука сме затоа што повеќе нема да дозволиме функционери од која било партија организирано да напаѓаат студенти, како што ги нападнаа студентите на Факултетот за драмски уметности“, рече таа.
Студентката во својот говор истакна дека студентите повеќе нема да дозволат да бидат газени, како што ги газеа музичарите на белградската филхармонија, лекарите и студентите Соња и Кристина …
„Тука сме затоа што повеќе нема да дозволиме да не тепате со палките што ги чувате во партиските простории, како што ја тепавте студентката Ана. Тука сме затоа што повеќе нема да дозволиме да не лажат и навредуваат, како што тоа го прави јавниот медиумски сервис и државниот врв од самиот почеток на студентските блокади. Тука сме затоа што повеќе нема да ви дозволуваме да споделувате отпуштања врз основа на објави на социјалните мрежи, како што споделивте со работниците на ЕПС“, рече студентката.
🇷🇸✨Београд✨🇷🇸
🇷🇸✨15.🇷🇸03.🇷🇸2025.✨🇷🇸 pic.twitter.com/incb4YLX7Y— dnevnadozaludosti (@kikiolichica) March 15, 2025
Протестот во Белград се одржува по масовните собири организирани од студентите во Нови Сад, Крагуевац и Ниш.
ŽIVJETI SLOBODNO! ❤️ #Beograd pic.twitter.com/wBAfUQEuF4
— Илијана Милановић (@m_ilijana) March 15, 2025
Неколку дена претходно, студентите тргнаа пеш од неколку правци кон Белград, каде што пристигнаа во петокот вечерта, а во главниот град им беше приреден свечен пречек.