Свет
„Сканијата“ со шверцувани цигари останува во Солун
Името на струшката фирма за која беше наменето шверцуваното „марлборо“, во камион на битолски „Транскоп“ и по 20 дена од обелоденувањето на случајот останува мистерија.
Името на струшката фирма за која беше наменето шверцуваното „марлборо“, во камион на битолски „Транскоп“ и по 20 дена од обелоденувањето на случајот останува мистерија. Засега никој од надлежните институции, ниту превозникот „Транскоп“ ниту шпедитерот „Блу бел“ не откриваат кој ги испорачал цигарите и каде требало да завршат. Според директорот на битолски „Транскоп“, Здравко Циндриќ, нивната „сканија“ се’ уште е во пристаништето во Солун, каде што ќе остане додека не се расчисти случајот.
„Поради празниците, не е започнат судскиот процес за шверцот со цигари во Грција. Преку факс сме известени дека нашиот возач Гоце Паровски е ослободен од обвинение и може слободно да патува во Грција. За ова не’ информира грчкиот адвокат Ѓорѓи Анагносдопулос, кој го ангажира шпедитерот од Скопје ’Блу бел’“, изјави Циндриќ.
Сопствениците на шпедицијата „Блу бел“ од Скопје, Златко Црвенковски и Методија Сачмаровски, и натаму се недостапни за контакт со новинарите. Шверцот на цигари беше откриен на 19 декември во близина на Птолемаида, северна Грција. Тамошните царинарници уште при рендген-проверката на контејнерот на солунскиот терминал увиделе дека зад двата реда столови има цигари, но камионот намерно бил пропуштен со цел да се открие дали пратката е за грчка фирма. По ова полицијата го следела возилото до северна Грција и откако се уверила дека, сепак, камионот ќе влезе во Македонија, извршила претрес. (Б.Т.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Борел: Одлуките на Меѓународниот кривичен суд мора да се почитуваат
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност во заминување, Жозеп Борел, денеска ги повика сите земји-членки на ЕУ да ги почитуваат одлуките на Меѓународниот кривичен суд (МКС), вклучително и налогот за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Не можеме да го поткопаме Меѓународниот кривичен суд. Тоа е единствениот начин да има правда на глобално ниво“, рече Борел, чиј мандат завршува овој месец, по што Каја Калас ќе ја преземе функцијата шеф на европската дипломатија.
Борел додаде дека одлуките на Меѓународниот кривичен суд не се политички, туку дека тој е правно тело формирано од угледни луѓе кои се најдобри во професијата судии, пренесува Ројтерс.
Свет
Германските компании се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата
Германските компании вработуваат помалку нов персонал и се повеќе се префрлаат на намалено работно време за да се справат со кризата, се вели во извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен за ноември.
Показателот кој ја мери подготвеноста на германските компании да вработуваат падна од 93,6 поени во октомври на 93,4 поени.
Особено тешка состојба владее во германското производство, каде поради падот на нарачките се намалува и потребата од работници, а слична состојба владее и во трговијата.
Свет
Четири лица загинаа, меѓу кои две деца, во бродска несреќа во близина на Самос
Четири лица, меѓу кои две деца, загинаа кога брод со мигранти удри во карпи и се насука на грчкиот остров Самос, соопштија официјални лица.
Спасени се 16 луѓе, додека бројот на патниците на бродот се уште не е познат, пренесе АП.
Грчката крајбрежна стража започна спасувачка операција, користејќи патролни чамци, чамци за спасување и тимови на брегот за потрага по можни исчезнати патници.