Македонија
Даул: Спорот со името е контроверзно прашање
Европратеникот Јозеф Даул, кој вчера престојуваше во посета на Македонија, преку соопштение изрази поддршка на разговорите меѓу Скопје и Атина за спорот со името, кое според него, е контроверзно прашање
Според Даул, кој е претседател на групата на Европската Народна Партија во Европскиот Парламент, спорот со името е билатерално прашање, кое треба да се решава во рамките на Обединетите Нации.„Оваа процедура не е поврзана со преговорите за членство. Но, доколу се затвори ова прашање, што јас се надевам дека ќе се случи скоро, ќе се создаде помирна политичка атмосфера во регионот“, се вели во писмената изјава на Даул.Францускиот евро-пратеник го повторува својот апел Европскиот Совет што е можно поскоро да одреди датум за старт на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија. Даул вчера во Скопје најави дека тоа лично ќе го побара на средба со претседателот на Европскиот Совет, Херман Ван Ромпуј. Оваа порака тој ја пренесе и на средбите со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

