Македонија
Самитот на Македонија2025 повикува на одржлив економски развој со акцент на обновливи извори на енергија и паметни технологии
На 20-ти и 21-ви октомври во Скопје ќе се одржи петиот Македонија2025 Самит. Самитот е широка платформа за споделување на знаење за бизнис, инвестиции, напредни технологии, иновации и лидерство.
На 20-ти и 21-ви октомври во Скопје ќе се одржи петиот Македонија2025 Самит. Самитот е широка платформа за споделување на знаење за бизнис, инвестиции, напредни технологии, иновации и лидерство.
Поконкретно, оваа година самитот ќе ги обележи насоките на одржлив економски развој преку меѓународни инвестиции во обновливи ресурси и развој на „паметни“ и „зелени“ сектори. Организаторот и оваа година носи повеќе од 35 говорници од светско реноме кои доаѓаат од преку 20-тина различни земји.
Главниот говорник Гуру Банавар од Вотсон центарот за истражување на вештачка ингелигенција на компанијата ИБМ во Њујорк, ќе презентира како технологијата може да ги реши најголемите проблеми со кои се соочува светот како предизвиците кон исхраната, здравјето и животната средина.
На самитот ќе зборуваат Карина Барнхолд Клепер од Нордискиот центар за обновливи енергии, Петар Казначеев од Центарот за ресурсни економии при Претседателската академија во Москва, професорот Шуичи Фукуда од универзитетот Кеио во Токио, Марко Буткович од Европската вселенска агенција, Здравко Почивалшек, Министер за економски развој на Словенија, Михаил Мизрахи, директор на центарот за иновации во Ерусалем како и други извонредни умови. Ќе се дискутира за најактуелните теми поврзани со паметни градови, био-гас и био дизел, соларна енергија, „tele-health“, интелигенција меѓу машини, електрични возила, еколошки домови, емоционален инженеринг, енергенси и природни ресурси, иновации во телекомуникациите, циркуларна економија, итн.
Самитот ќе ја позиционира Македонија како земја со потенцијал да биде центар за паметни технологии и истражувања. За таа цел се поканети светски компании кои веќе отвориле претставништва за аутсорсинг во Македонија во области како софтвер за здравство, берзански трансакции, напредни ИТ истражувања и сл. Настанот ќе биде одлична можност за запознавање помеѓу експерти и членови на деловните заедници на земјите од регионот. Македонија2025 на овој начин ја исполнува својата визија за економско интегрирање на Македонија со остатокот од регионот во насока на подинамичен економски развој. Од организацијата ги покануваат сите заинтересирани компании и претприемачи да ја разгледаат програмата и бидат дел од еден процес за напредок што не може да се оствари без целокупна инволвираност на успешни и иновативни луѓе и компании.
Сите што се заинтересирани за учество на самитот можат да се информираат на страната на Македонија2025 или да се регистрираат на http://mk2025summit.com/selection/. Од организацијата нудат поволности за микро и мали претпријатија, како и за учество на повеќе претставници од иста компанија./крај/мф/би
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

