Македонија
Стечајците повторно на протест пред Собрание
Со свирежи и со пеење на химната околу 100 стечајни работници и денеска повторно излегоа на протест пред Собранието. Прашуваат дали нивните животи вредат помалку од статуите што се градат во Скопје.
Со свирежи и со пеење на химната околу 100 стечајни работници и денеска повторно излегоа на протест пред Собранието. Прашуваат дали нивните животи вредат помалку од статуите што се градат во Скопје.
“Упатуваме апел до премиерот Никола Груевски и до цела Влада да не си поигруваат со нашите животи и да најдат начин да не обештетат“, изјави Лилјана Георгиевска, кординатор на штрајкувачкиот одбор на стечајците.
Таа обвинува дека другата група на стечајни работници, што се нарекуваат жртви на транзицијата и протестираат пред седиштето на СДСМ, се поттикнати од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Според неа сите тие се згрижени, а некои од нив се вработени во “Југ турист“. Тие побараа и средба со координаторите на политичките партии.
Стечајните работници, секоја недела протестираат пред Собранието на Македонија бараат месечен надоместок од 6.000 денари за оние кои имаат по 15 години стаж и 53 години старост./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

