Свет
Чилеанските рудари може да бидат спасени порано од предвиденото
Рударите коишто се повеќе од месец и половина заглавени во рудник во Чиле може да бидат спасени порано од предвиденото. Триесет и тројцата работници наместо во ноември, може да излезат до средината на октомври, пренесуваат чилеанските медиуми.
Рударите коишто се повеќе од месец и половина заглавени во рудник во Чиле може да бидат спасени порано од предвиденото. Триесет и тројцата работници наместо во ноември, може да излезат до средината на октомври, пренесуваат чилеанските медиуми.
Неименувани извори, вклучени во евакуацијата на рударите, изјавиле дека постои голема веројатност, целата операција да заврши до 15 октомври, пред чилеанскиот претседател да ја започне турнејата низ Европа. Оптимизмот го темелат на брзиот напредок при ископувањето на спасувачкиот канал, пренесува Бгнес.
Специјалната машина што од неделата почна да го копа тунелот за 24 часа успеала да ископа рекордни 23 метри. За вадење на работниците од ископот, потребно е да се ископаат уште 597 метри./крај/бг/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање
Американската полиција убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол, обвинител на таа американска држава.
Полицијата на Фејсбук соопшти дека нема повеќе осомничени и дека нема повредени „освен наводниот напаѓач“, пренесува Асошиејтед прес.
Кол одбил да одговори на прашањата на новинарите дали ученикот пукал и се обидел да влезе во училиштето.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.
Свет
Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на Универзитетот Колумбија, окупирана од пропалестински демонстранти, нарекувајќи ги „бесни лудаци и симпатизери на Хамас“.
На митинг за претседателската кампања во Висконсин, Трамп рече дека „Њујорк е под опсада“ и го поздрави апсењето на околу 300 демонстранти, пренесува Ројтерс.
Некои членови на Републиканската партија ги обвинија универзитетските лидери за игнорирање на антисемитската реторика и малтретирање на пропалестинските протести низ САД.