Македонија
Липосукција на Клиниката за пластична хирургија
Клиниката за пластична хирургија од денеска нуди липосукција на различни делови на телото, која се извршува благодарение на новонабавениот…
Клиниката за пластична хирургија од денеска нуди липосукција на различни делови на телото, која се извршува благодарение на новонабавениот апарат PSI TEC III.
Операциите ќе се изведуваат по цена од 500 до 2 000 евра, а во наредниве три дена, лекарите кои ќе изведуваат липосукција, ќе имаат можност да бидат обучени од доктор Бојан Игњатовски, кој има сопствена клиника во Хрватска.
„За наредните три дена се закажани девет операции и сите се естетски“, изјави на денешната прес конференција директорката на Клиниката за естетска хирургија, Смиља Туџарова.
Таа појасни и дека околу 70 проценти од пациентите кои бараат липосукција, тоа го прават од естетски причини, додека останатите, од здравствени.
За пациентите пак кои прават липосукција од здравствени причини, постои можност зафатот да биде покриен од Фондот за здравствено осигурување.
Липосукција може да прави секој пациент кој има потреба од тоа и нема здравствени проблеми. /крај/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

