Македонија
Рокот за издавање А интегрирани еколошки дозволи истекува на 1 април 2014 година
Краен рок за реализирањето на оперативните планови на големите инсталации и за исполнување на условите за добивање на А интегрираните еколошки дозволи е 1 април.
Ова во четврток на прес конференција го соопшти министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми, во присуство на раководниот кадар на Министерството.
„На почетокот на годината до Министерството за животна средина и просторно планирање беа доставени барања за пролонгирање на роковите на активностите од оперативен план за следните инсталации: Макстил АД Скопје, Скопски Легури, Југохром Јегуновце, Фени Индустри од Кавадарци, Арцелор Митал Скопје и од Балкан Енерги Груп – Топлана Исток. По разгедување на барањата доставени од горе наведените инсталации Владата на Република Македонија донесе одлука за почиување на одредбите од законот односно дадениот рок 1 Април 2014 година“, рече Адеми.
Тој додаде дека до овој период до МЖСПП се поднесени вкупно 130 барања за ИСКЗ дозволи.
„Од страна на МЖСПП до овој момент се издадени 52 ИСКЗ дозволи од кои 16 се А – интегрирани еколошки дозволи и 36 дозволи за усогласување со оперативен план. Од страна на локалните самоуправи издадени се 117 ИСКЗ Дозволи од приближено 260 барања за Б инсталации“, рече Адеми. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

