Свет
Во судирите во либански Триполи загинаа тројца и околу 50 ранети
Бројот на жртвите од зголеменото секташко насилство во градот Триполи, во северниот дел на Либан, се зголеми на тројца убиени и 50 ранети, од кои 12 припадници на либанската армија, пренесуваат локалните медиуми.
Вооружените судири со употреба на автоматско оружје, ракетни фрлачи на гранати и минофрлачи, избувнаа во вторникот вечерта меѓу жителите на два соседни кварта, алавитскиот Џабел Мохсин и сунитскиот Баб ал-Табане. Кревкото примирје коешто во вторникот наутро беше воспоставено меѓу двете конфронтирани страни, не траеше долго, а според локалните судирите се обновиле со поголема жестина.
Во текот на попладневните часови благодарение на напорите на политичките и религиозните лидери на двете заедници уште еднаш беше прогласено примирје. Линијата на раздвојување меѓу двете завојувани населби беше ставена под контрола на оклопни единици на либанската армија. Сепак, според либанскиот телевизиски канал New TV, судирите во Триполи сé уште траат.
Судирите меѓу сунитското население на Триполи, коешто ги поддржува бунтовниците во Сирија и алавитите (правец на шиитскиот ислам) коишто го поддржуваат сирискиот претседател Башар ал-Асад, особено зачестија и се интензивираа последната година, како реакција на кризата во соседна Сирија, каде што претежно сунитската вооружена опозиција му се спротиставува на армијата и поддржувачите на алавитот Башар ал-Асад.
Северен Либан, чиј административен центар е градот Триполи, е главното упориште на либанските поддржувачи на „сириската револуција“. Од таму во Сирија се префрлува оружје за опозициската Слободна сириска армија, но и борци, коишто официјален Дамаск ги нарекува „ терористи платеници“. Обидите за навлегување на сириска територија на вооружени групи преку северо-источната граница на Либан, речиси се секојдневни./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Рекордна инвестиција: Маск собра 5 милијарди долари за развој на вештачката интелигенција
Компанијата xAI на Илон Маск ќе добие 6 милијарди долари (5,5 милијарди евра) од инвеститори за финансирање на развојот на производи за вештачка интелигенција (АИ), објави компанијата.
Новите средства ќе бидат искористени за да се донесат првите производи на компанијата на пазарот, да се изгради инфраструктура и да се забрза истражувањето на идните технологии.
„xAI ќе продолжи со оваа стрмна траекторија на напредок во наредните месеци, со мнигубројни возбудливи технолошки ажурирања и производи што доаѓаат набргу“, соопшти компанијата.
xAI рече дека направила значителен напредок во текот на изминатата година во развојот на технологијата, што ќе продолжи во наредните месеци.
Инвеститорите во последниот круг ги вклучуваат Sequoia Capital, Fidelity Management & Research, Valor Equity Partners, Vy Capital, саудискиот принц Алвалид бин Талал и Kingdom Holding.
Илон Маск на социјалната мрежа Х напиша дека пред инвестицијата xAI имала вредност од 18 милијарди долари (16,5 милијарди евра).
Финансирањето треба да ѝпомогне на компанијата на Маск да се натпреварува во трката за развој на вештачка интелигенција против Microsoft и Open AI, кои го создадоа Chat GPT.
Маск ја претстави новата компанија во јули минатата година, а во ноември го објави својот чат-бот со вештачка интелигенција наречен Грок.
Регион
Уште една сообраќајна несреќа кај Младеновац: се запали автомобил недалеку од местото на кое утрово се судрија автобус и автомобил
Недалеку од местото на кое утрово се случи несреќата, во која загина Милош Н. (34), по судир меѓу автобус и џип, само неколку часа подоцна се случила уште една сообраќајна незгода.
Според „Нова.рс“, едно возило се запалило и целосно изгорело.
Пожарникарите и полицијата се на терен.
Несреќата се случила во правец од Младеновац кон приклучокот кон автопатот Белград – Ниш.
Регион
15-годишно девојче застрелано на Калемегдан
Околу 8 часот утринава со воздушна пушка е застрелано 15-годишно девојче кај Калемегдан.
Детето било застрелано во бутот кога тргнало на училиште.
Според српските медиуми, девојчето тргнало на училиште, а во првиот момент кога било рането, помислила дека ја удрила топка во ногата. Неколку секунди подоцна забележала крв.
Девојчето е пренесено во Институтот за мајка и дете и чека операција.
Тинејџерката добила прострелна рана во бутот.
Инцидентот бил пријавен во полиција по 8 часот, а истрагата е во тек.