Македонија
Заврши воената вежба „Македонски Блесок 06“
Вежбата „Македонски Блесок 06“, на која учествуваа околу 400 припадници на АРМ, денеска заврши со свечена церемонија во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
Вежбата „Македонски Блесок 06“, на која учествуваа околу 400 припадници на АРМ, денеска заврши со свечена церемонија во касарната „Јане Сандански“ во Штип. Во рамките на вежбата успешно се реализираше и 18-тиот мултинационален курс за оценувачи според Концептот за оперативни способности на НАТО (ОСС E&F 18 ETC – Evaluator Training Course), кој со успех го завршија 14 офицери на АРМ и уште 10 припадници од армиите членки на НАТО и ПзМ. На затварањето, покрај доделувањето на сертификатите за оценувачи за НАТО оценување ниво – 1 беше истакнато дека декларираните единици кои учествуваа на „Македонски Блесок -06“ се високо оценети, што се должи на високиот степен на нивната обученост, примената оперативните стандардни процедури на НАТО и степенот на компатибилност кој единиците на АРМ го поседуваат. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

