Македонија
Блокирани сметките на фирмите од „Перо Наков“
Блокирани сметките на фирмите од „Перо Наков“. Вакво решение донел истражен судија, по предлог на јавниот обвинител, со кое се забранува подигање и располагање со средствата од сметките на фирмите што регистрирани на оваа адреса, меѓу кои е и телевизијата „А1“.На предлог на јавниот обвинител, блокирани се сметки со точно утврден износ на средства, односно во висина на сумата за која постои сомневање дека е оштетен државниот буџет.Субјектите на кои им се блокирани сметките имаат право на жалба во рок од три дена од подигнување на решението, но жалбата не ја одлага одлуката за привремено замрзнување на банкарските сметки. На секои два месеца истражен судија треба да ја испитува оваа одлука.Од крајот на декември за случајот „Пајажина“ во притвор се сопственикот на „А1“ телевизија, Велија Рамковски и уште 14-мина управители на фирмите од „Перо Наков“. Минатата недела на сите осомничени им беше продолжена мерката притвор, поради можност да избегаат, да влијаат врз истрагата или да го повторат делото.Вработените во националната телевизија вечерва од 19 часот ќе се соберат пред Владата на Република Македонија./крај/макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

