Македонија
За два месеци над 100.000 патници на аеродромите, најмногу се патувало за Цирих и Истанбул

Бројот на превезени патници на аеродромите во Македонија во првите два месеци од оваа година се зголемил за повеќе од 20 отсто, информира Министерството за транспорт и врски.
Според нивните податоци, во јануари оваа година од двата патнички аеродроми во Република Македонија – аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид се превезени вкупно 63.877 патници, додека во истиот период минатата година биле превезени вкупно 51.710 патници што претставува пораст од 23.5 отсто.
Во февруари, бројот на превезени патници изнесувал 48.756, што е 21.2 отсто повеќе од 40.216-те патници кои биле превезени во истиот месец минатата година.
Граѓаните најмногу патувале во Цирих, 26 отсто од вкупниот број на патници, 14.3 отсто за Истанбул, 12.7 за Љубљана, 7 отсто за Дизелдорф, 6.1 отсто за Љубљана, а помалку од 6 отсто за дестинациите Белград, Загреб, Лондон, Будимпешта, Прага, Тревизо, Рим, Анкона и Измир
„По реализирањето на проектот за модернизација на македонскиот аеродромски систем по пат на концесија, забележан е континуиран раст на бројот на патници и летови. Имено, во текот на 2011 година на двата аеродрома во Република Македонија биле превезени вкупно 834.273 патници што претставува пораст од 15 отсто во однос на 725.472 превезени патници во текот на 2010 година. Освен во превозот на патници, забележан е пораст и во карго-превозот од 9.8 отсто“ се вели во сопштението од Министерството./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На аеродромот во Скопје спречен обид за шверц на 27,5 килограми тутун за наргиле

Мобилен царински тим на граничниот премин Меѓународен аеродром „Скопје“, на влез во државата, спречи обид за шверц на дури 27,5 килограми ароматизиран тутун за наргиле, што требало да заврши на македонскиот пазар. Со оваа акција е спречен обид за нелегална трговија со тутун, како и обид за избегнување плаќање давачки за акцизна стока во висина од 138.435 денари, соопшти Царнската управа.
Во случајот, против едно лице, државјанин на Турција, се води соодветна постапка, а тутунот е запленет.
„Случајот е откриен кога, поради сомневање, мобилен тим го селектира и изврши контрола на патникот, при што во куферот и во личната торба во негова сопственост беше пронајден ароматизиран тутун за наргиле со вкупна тежина од 27,5 килограми.
Нелегалниот тутун го загрозува здравјето на граѓаните и ја поткопува легалната трговија и оттука Царинската управа во континуитет спроведува акции со цел спречување обиди за шверцување тутун и тутунски производи“.
Македонија
Намалена активната транспарентност на Владата и на министерствата, најмалку информации има за финансиите, објави Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според активното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 102 институции, односно Владата и сите министерства и општини.
„Индексот ги покажува следниве клучни аспекти: просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2025 година изнесува 80 % (од максимално можни 100 %), исто колку што изнесуваше и минатата година.
Активната транспарентност на министерствата и на Владата е намалена во однос на лани и изнесува 84 % (лани 86 %).
Општините го задржаа истото ниво на активна транспарентност како и лани, односно 79 %“, е нагласено во извештајот.
Според наведеното, дури 44 % од опфатените институции ја влошиле својата активна транспарентност (лани се влошиле 19 % од институциите).
„Министерството за одбрана петта година по ред ги задржа максималните 100 % активна транспарентност, а резултатот од 100 % годинава го освои и новоформираното Министерство за дигитална трансформација.
Кај општините, за разлика од лани кога дури пет општини го делеа првото место со 100 % активна транспарентност, годинава на ова место се задржаа само две – Кавадарци и Кичево.
Меѓу регионите, трета година по ред на првото место се наоѓа Источниот Регион (со иста активна транспарентност како и лани од 88 %).
На последно место, со намалена активна транспарентност во однос на лани, се наоѓа Полошкиот Регион (со 71 % активна транспарентност, лани 73 %).
Најмалку информации, според центарот, и министерствата и општините објавуваат за финансиите (министерствата 58 %, а општините 59 % од можни 100 %).
Огромно уназадување, како што велат од таму, има кај одговорите по барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, што им беа испратени на сите институции во ист ден и со исто прашање.
„Општините одговорија во просек за 21 ден (лани за 15 дена), а министерствата одговорија за 23 дена (лани за 14 дена). Инаку, крајниот законски рок е 20 дена.
Само 54 % од институциите одговорија во рамките на максималниот законскиот рок од 20 дена (лани тоа го сторија 71 % од институциите)“.
Македонија
„Вреди“: Го затворивме отпадот на ДУИ, на 19 октомври ќе ги уништиме и неговите фосили

Вчера конечно ја затворивме дивата депонија во Никуштак, срам наследен од владата на ДУИ, која со години го труеше воздухот и здравјето на жителите на Липково и Арачиново, информираат од „Вреди“.
„Оваа одлука, беше овозможена благодарение на директното влијание на првиот вицепремиер Изет Меџити и вицепремиерот Арбен Фетаи, кои го претворија проблемот занемарен од ДУИ во државен приоритет.
Овој чин не е само затворање на депонија, туку затворање на ерата на срам и неодговорност. ДУИ 20 години ги остави Албанците да живеат меѓу отпадот, додека самите се богатеа на нивен грб. Денес го затворивме нивниот отпад, но на 19 октомври граѓаните ќе ги затворат и политичките кариери на фосили на ДУИ“.
Од Вреди нагласуваат дека Липково, Арачиново и секоја албанска општина повеќе нема да бидат, како што велат, гробишта од ѓубре на ДУИ, ниту од отпад, ниту од корупција, ниту од политичко предавство.