Македонија
Хуманитарен концерт за Јане Велковски
Да му помогнеме на малиот Јане да застане на своите ножиња, да заигра и долго да чекори низ животот.
Да му помогнеме на малиот Јане да застане на своите ножиња, да заигра и долго да чекори низ животот.
Поведени од ваквата желба студентите од Педагошкиот факултет во Битола денеска организираа хуманитарен концерт со цел да помогнат во лекувањето на 19 месечното детенце кај кое е дијагностицирана спинална мускулна атрофија.
Болест која поради недостатокот на протеин, што ја храни групата на мускули одговорни за моториката и дишењето, честопати резултира со непроодување, а ја зголемува и опасноста од развивање на пневмонии и други проблеми со дишењето што е главна опасност за детскиот живот.
„Денес решивме да организираме хуманитарен концерт, ние студентите од Педагошкиот факултет заедно со професорката Мери Кафкалевска Стоилкова, да направиме нешто заедничко се со цел да се изрази хуманоста на човекот преку музика и поезија да ги собереме парите потребни за операција на малиот Јане“ вели Елена Ѓорѓиевска Костадиновиќ, студент.
Јане треба да замине на третман во клиника во Дизелдорф во Германија, за што се потребни средства во износ од 10.000 евра.
Семејството кое живее во Скопје потекнува од Битола, а сите роднини, пријатели или едноставно познаници направиле напор да помогнат.
„Близок пријател на малиот Јане не информира и ние решивме како студенти да помогнеме “ вели Костадиновиќ.
Малиот Јане за пет дена треба да замине за Германија, а третманот таму ќе биде насочен кон подобрување на состојбата и спречување на нејзиниот дегенеративниот развој. /крај/тера/цр
тел: 143 183, 077 143 183, 075 143 700жиро сметка : 300001000020663
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

