Свет
Евакуиран персоналот во Фукушима, пумпите работат нормално

Операторот на хаварисаната јапонска нуклеарна централа Фукушима, ТЕПКО, објави денеска дека по серијата силни земјотреси персоналот од нуклеарката е евакуиран, но дека пумпите во реакторите 1,2 и 3 работат без неправилности.
Операторот на хаварисаната јапонска нуклеарна централа Фукушима, ТЕПКО, објави денеска дека по серијата силни земјотреси персоналот од нуклеарката е евакуиран, но дека пумпите во реакторите 1,2 и 3 работат без неправилности. Денеска Јапонија ја погодија два земјотреси, еден со магнитуда од 6,3 степени во близина на брегот на префектурата Чиба на истокот на земјата и втор со магнитуда од 5,5 степени во префектурата Нагано во централниот дел од земјата. По првиот потрес во нуклеарката избувнал пожар кој веднаш бил изгаснат, по што ТЕПКО го евакуирал персоналот. Компанијата ја проверува состојбата во централата, но околностите се уште не се познати, соопшти портпаролот на компанијата. Американската Агенција за геолошки истражувања соопшти дека првиот потрес бил на длабочина од 33 километри, 112 километри јужно-југоисточно од Хоншу. По земјотресот привремено бил затворен аеродромот Нарита, пренесува агенцијата Кјодо њуз. Во Јапонија се забележани серија на земјотреси, откако земјата на 11 март ја погоди катастрофален земјотрес и цунами, билансот на жртвите досега изнесува речиси 28 илјадо лица. крај/х/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Голем број верници се собраа во Рим за да му оддадат почит на папата: „Тој беше посебен, на сите христијани ќе им недостига“

Голем број граѓани на Италија и од други земји се собраа во базиликата „Света Марија Велика“ во Рим, каде што ќе бидат положени посмртните останки на папата Франциско, за да му оддадат почит на починатиот поглавар на Римокатоличката црква.
На тоа место се собраа голем број медиуми од целиот свет, а има и такви на плоштадот пред базиликата „Свети Петар“, каде што ќе се одржи погребот на папата Франциско в сабота, 26 април.
Меѓу собраните е и Евертон Коелјо од Бразил, кој моментно живее во Германија.
„Вчераутро пристигнавме во Рим. Кога вчера шетавме во градот, ја слушнавме многу тажната вест дека папата Франциско починал. Бевме изненадени и многу тажни. Тој беше харизматичен папа. Беше од Аргентина, Јужна Америка. И ние доаѓаме од Јужна Америка, па затоа чувствуваме дека е уште поблизок до нас. Беше приземен, многу близок до луѓето. Не живееше во замок, живееше едноставен живот“, изјави Коелјо за „Танјуг“.
Коелјо понатаму наведува дека ова е најголемата порака што папата Франциско ја остава зад себе.
„На христијаните многу ќе им недостига. Пред да дојдеме се обидовме да присуствуваме на мисата. За жал, минатата недела добивме порака дека папата нема да може да присуствува и дека ја откажале. А сега кога слушнавме дека нè напушта, многу е тажно“, рече Коелјо.
Друг Бразилец, кој денес беше во Рим, за „Танјуг“ вели дека го памети папата Франциско како едноставна личност, но и како некој што го сака фудбалот.
„Се сеќавам дека папата беше навивач на ‘Сан Лоренцо’ во Аргентина. Папата беше одлична личност за мене“, рече соговорникот.
Жителка од Рим за „Танјуг“ вели дека се сеќава на многу од она што го кажал папата Франциско оценувајќи го како неверојатно.
„Мислам дека ќе биде тешко да се најде замена за него“, рече тој.
Погребот на папата Франциско ќе се одржи в сабота, 26 април, во 10 часот наутро на плоштадот пред базиликата „Свети Петар“.
Претходно денес, беше објавено дека телото на починатиот папа ќе биде однесено во базиликата „Свети Петар“ в среда во 9 часот наутро.
Свет
ММФ: Светската економија значително ќе забави, на САД драстично

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали своите прогнози за економски раст за 2025 година велејќи дека зголемувањето на царините и општата неизвесност ќе доведат до значително забавување.
Во својата најнова глобална прогноза,ММФ предвидува дека светската економија ќе порасне за 2,8 процента оваа година, што е намалување во однос на претходната проценка од 3,3 проценти.
Најголем пад меѓу развиените економии забележаа Соединетите Американски Држави – сега се очекува раст од 1,8 процент во споредба со претходната процена од 2,7 процента.
Прогнозата за раст за Обединетото Кралство е исто така намалена – од претходните 1,6 процент на 1,1 процент во 2025 година.
Свет
Италија прогласи петдневна жалост за смртта на папата Францискo

Советот на министрите на италијанската влада денес прогласи петдневна национална жалост за смртта на папата Францискo.
Периодот на жалост почнува денес, потврдија владини извори, пренесува „Анса“.
Советот на министрите денес свика вонредна седница за да разгледа неколку прашања, вклучително и прогласување ден на жалост.
Папата Францискo почина во понеделникот во ватиканската резиденција „Санта Марта“ во 7.35 часот наутро од мозочен удар, проследен со кома и неповратен кардиоваскуларен колапс.
Погребот на папата Францискo ќе се одржи в сабота, 26 април, во 10 часот наутро на плоштадот пред базиликата „Свети Петар“, објави „Анса“ повикувајќи се на соопштението од Ватикан.
Телото на папата Францискo моментно е изложено во капелата на резиденцијата „Санта Марта“, каде што тој живееше во текот на 12-те години додека беше на чело на Римокатоличката црква, објави „Ројтерс“.
На плоштадот Свети Петар во Рим, денес, во 19.30 часот, ќе се одржи молитва предводена од деканот на Колеџот на кардиналите, кардиналот Џовани Батиста Ре.