Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски ги уништи тутунопроизводителите
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ денеска го посочија Бранко Црвенковски како главен одговорен за хаосот и катастрофалната положба во која се најдоа тутунарите во времето на владеењето на
Од владеачката ВМРО-ДПМНЕ денеска го посочија Бранко Црвенковски како главен одговорен за хаосот и катастрофалната положба во која се најдоа тутунарите во времето на владеењето на СДСМ.
Според портпаролот на партијата на власт Александар Бичиклиски, Црвенковски наместо да даде придонес за развој на оваа земјоделска гранка, тој постојано ја уништувал и запоставувал.
Партијата на власт обвини дека заштитната цена на тутунот не била корегирана уште од 1994 година а не биле одобрени ниту стимулации за оваа категорија на граѓани.
Според нив Владите на СДСМ се одговорни и за тепањето на тутунарите во Куклиш, Радовиш и на Плетвар, како и за масовното палење на тутун во Струмица и Куманово.
“За разлика од СДСМ, како резултат на реформите и поддршката од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ оваа година, за прв пат тутунарите имаат рекордна откупна цена на тутунот од околу 200 денари по килограм, и 60 денари субвенции по килограм произведен тутун“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ./крај/со/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

