Свет
Сантос победник на претседателските избори во Колумбија
Поранешниoт минiситер за одбрана извојува лесна победа на вториoт круг од претседателските избори за наследник на претседателот Алваро Урибе кој беше еден од најважните американски сојузници во Јужна Америка, пренесе Reuters
Педесет иосум-годишниот Хуан Мануел Сантос како кандидат на Социјалната партија на националното единство беше поддржан и од досегашниот претседател Алваро Урибе освои дури 68,9 отсто гласови, додека поранешниот градоначалник на главниот град Богота, Антанас Мокус, кандидат на партијата на Залените имаше голем заостаток од 27,6 отсто од гласовите по преброените повќе од 75 проценти од избирачките места, соопшти колумбискиот Национален изборен совет.Сантос во предизборната кампања вети дека ќе ја продолжи безбедносната политка на Урибе и поддршката за стопанствениците, политика на досегашниот претседател која на Колумбија и донесе досега рекордно ниво на странски вложувања.Сантос на претседателската функција стапува во август но и по двата претседателски мандата сепак најпопуларен е се уште Урибе кој во текот на минатите години успешно се бореше со техничка и финансиска помош од Вашингтон против левичарски герилски групи од кои најголема е FARC која постои веќе 40 години а некои од помалите фракции целосно ги обезоружи. Сантос во неделата во три напада додека се одржуваше вториот круг за изборите беше потсетен на тоа што го очекува. Притоа беа убиени десет припадници на безбедносните сили и шест припадници на левичарската герила. Тој инаку беше и колумбиски министер за финансии кој успеа да ја надмине финансиската криза во 1990-те, но сега ќе мора да се соочи и со двоцифрената невработеност, долговременскиот буџетски дефицит и скапиот здравствен систем во периодот кога и колумбиското стопанство се опоравува од глобалната светска криза.Колумбија е четвртиот по големина производител на нафта во светот, но исто така големи површини во планинските предели се упориште на нарко картелите кои се најголемите производители на кокаин во светот.Во заложништво бунтовниците држат уште 20 колумбиски полицајци и војници. FARC, како и другите помали екстремни организации во Колумбија, се финансира од продажби на кокаин, a e формирана во 1964 г. од страна на Комунистичката партија на Колумбија.Аналитичарите велат дека досега најмоќната бунтовничка организација во Колумбија од 2002 г. претрпува силни порази од владините сили, а во последно време се забележани масовно дезертирање од нејзините редови, па бројката нејзини борци во моментов се проценува до седум илајди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

