Македонија
Тројцата македонски државјани депортирани во Истанбул
Тројцата македонски државјани кои беа во хуманитарниот конвој што беше нападнат од израелските специјалци во меѓународни води во близина на Појасот Газа, утрово во 3:30 часот пристигнаа во Истанбул, а во текот на утрешниот ден се очекува да пристигнат во Скопје
Јасмин Реџепи (28), Сами Емини (57) од Скопје и Сеад Хасипи (50) од Куманово, како што информираат од МНР, биле пречекани од македонскиот конзул во Истанбул Зерин Абас.Извршени им се лекарски прегледи и тие се наоѓаат во добра здравствена состојба.Вчера со околу 500 лица од хуманитарниот конвој Реџепи, Емини и Хасипи со авиони беа депортирани од Тел Авив.На нивно барање тие денеска ќе останат во Истанбул каде ќе бидат направени записници за предметите што им биле одземени од израелските власти.Престојот во Истанбул им го организира македонскиот Конзулат.Организацијата преку која заминаа за Газа им овозможи отворени авиобилети за Скопје.Во Македонија како што информираат од МНР се очекува да пристигнат најрано утре, но велат дека имаат авиобилети со отворен датум и одлуката за враќање е нивна.Реџепи, Емини и Хасипи пред три дена беа притворени од страна на израелските власти, откако конвојот со хуманитарна помош за Појасот Газа во кој учествуваа, беше нападнат од страна на израелските вооружени сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

