Македонија
Тодоров ветува транспарентни листи за чекање во болниците
Транспарентност е целта на новиот систем на листите за чекање во болниците, вели министерот за здравство Никола Тодоров
Новиот министер за здравство, Никола Тодоров објаснува дека системот, за кој најави повеќе детали за во средата, ќе се фокусира на отстранување на аномалиите што постојат со сегашните листи на чекање и отстранување на можноста за појава на корупција.„Она што е фактичка состојба сега е дека тие листи на чекање што постојат не се транспарентни воопшто и тоа отвара широка можност за интервенирање внатре во листите, отвара можност донекаде за корупција, а исто така го прави нетранспарентен и системот за дополнителната дејност на лекарите. Затоа ние решивме да изградиме еден систем кој што ќе одговори на сите овие предизвици и сите овие аномалии што ги имаме денес ќе бидат отстранети. Она на што ќе бидеме фокусирани ќе биде транспарентноста на листите за чекање, ќе биде неможноста за корупција и регулирање на дополнителната работа на лекарите“, изјави министерот Тодоров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од с. Рајчани и се однесени безбедно до нивните родители во Кочани
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска во 09.53 часот преку Единствениот телефонски повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пет малолетни лица и едно возрасно лице дека поради обилните снежни врнежи се заглавени во с. Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани.
Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација, веднаш е контактирано со СВР Штип, ПС Кочани и со лицето за контакт од Општина Кочани и Градоначалникот на Општина Кочани, за координирање на активностите.
Во 11.50 часот лицата се извлечени со теренско возило на член на Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани и истите безбедно се однесени и предадени на нивните родители.
Македонија
Железничкиот сообраќај се одвива непречено и без проблеми
Министерството за транспорт информира дека патничкиот железнички сообраќај се одвива нормално и без прекин, со минимални задоцнувања кои брзо се надминуваат благодарение на интервенците од дежурните екипи од ЈП „Инфраструктура“ на терен.
„Посебен акцент е ставен на интервенции кај критичните точки, обезбедувајќи непречено и безбедно движење на патничките возови.
Товарниот железнички сообраќај се одвива со мали застои, кои главно се предизвикани од заснежени или замрзнати свртници. Јавното претпријатие „Инфраструктура – Железници“ исто така со дежурни екипи континуирано работат на расчистување и одржување на свртниците, овозможувајќи континуитет во сообраќајот.
„Железници на Северна Македонија – Транспорт“ и ЈП „Инфраструктура“ остануваат посветени на обезбедување квалитетна и сигурна услуга за сите корисници“, велат од министерството.
Македонија
ЦУК: Пет малолетни лица и еден возрасен поради обилниот снег се заглавени во село Рајчани
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека шест лица се заглавени кај село Рајчани поради обилниот снег.
„Во 09:53 преку број за итни повици 112 добиена е пријава за 5 малолетни лица и 1 возрасно лице кои поради обилните снежни врнежи се заглавени во с. Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани“, велат од ЦУК.
Оттаму додаваат дека е контактирано со СВР Штип, ПС Кочани, лицето за контакт од општина Кочани, Градоначалникот на Општина Кочани, Доброволна спасителна служба Осогово од Кочани за координирање на активностите.