Свет
Франција ќе гради нуклеарни електрани во Индија
Индија и Франција потпишаа договор вреден 9,3 милијарди долари за изградба на две нуклеарни електрани во Индија, соопштено е денеска во Њу Делхи каде францускиот претседател Никола Саркози престојува во официјална посета.Арева СА, една од водечките француски компании во областа на атомската енергија, ќе изгради два реактори, секој од по 1.650 мегаволти во Дјатапур во западната индиска држава Махарастра, пренесува Бета.Договорот е потпишан во присуство на Саркози и индискиот премиер Мамохан Синг.Станува збор за два од 20 нуклеарни реактори кои Индија сака да ги изгради за да ја задоволи растечката потреба за енергија.Саркози во саботата допатува во четиридневна посета на Индија заедно со своите министри за одбрана, надворешни работи и финансии, како и со околу 60 водечки бизнисмени од неговата земја.Француските компании преговараат за модернизација на индиското воено воздухопловство со 51 борбен авион Мираж -2000(Mirage).Индија на светскиот пазар планира да купи 126 борбени авиони во зделка вредна 11 милијарди долари, и околу 200 хеликоптери за уште четири милијарди долари.Според проценките на воените стручњаци, Индија ќе потроши 80 милијарди долари меѓу 2012. и 2022. година за унапредување на своите вооружени сили.Трговската размена меѓу Индија и Франција опадна во 2009. година поради светската економска криза, но оваа година расте. Двете земји си поставија за цел, размена од 12 милијарди долари за 2012 година./крај/бе/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Се урна конструкција на рингишпил, повредени 13 деца од кои едно е во животна опасност во Куршумлија
Во Куршумлија денеска се случила несреќа кога на локалниот саем се урнала конструкцијата на рингишпилот, пренесуваат српските медиуми.
Според написите, повредени се 13 деца, од кои едно потешко.
Станува збор за девојче чиј живот е во опасност и има сериозни повреди на главата и кичмата.
Таа била итно префрлена во КЦ Ниш на Одделот за неврохирургија.
Седум деца се во друга болница каде е во тек понатамошна дијагностика, додека другите деца се полесно повредени, пишуваат тамошните медиуми.
Свет
Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност
Режимот во Киев е прилично непредвидлив, интервенцијата на воените сили на НАТО во украинскиот конфликт на теренот претставува огромна опасност, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Според него, Москва ја смета за крајно провокативна петицијата објавена на веб-страницата на украинскиот лидер Володимир Зеленски, во која се апелира да се поканат странски војници во Украина.
„Сметаме дека ова во најмала рака е крајно провокативно и го следиме многу внимателно“, рече Песков.
Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна во интервју за „Економист“ изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина на барање на Киев доколку Русија ја пробие линијата на фронтот. Според него, многу земји од ЕУ се согласиле со мислењето на Париз за ова прашање.
Медиумите претходно објавија и дека Франција испратила војници од својата Легија на странци во Украина, пренесува „Танјуг“.
Регион
Шји Џјинпинг: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина
Претседателот на Народна Република Кина, Шји Џјинпинг, изјави дека во денешните разговори со претседателот Вучиќ е постигнат значаен консензус и дека Србија ќе биде првата земја од Европа со која ќе изгради заедница со заедничка иднина.
„Заеднички објавивме дека ќе изградиме заедница меѓу Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, што ќе отвори ново поглавје во историјата на кинеско-српските односи. Пред осум години Србија стана првиот сеопфатен стратешки партнер на Кина во Централна и Источна Европа, а денеска станува првата европска земја во која ќе изградиме заедница со заедничка иднина“, рече Шји во говорот по размената на потпишаните меѓудржавни договори меѓу Србија и Кина во Палатата „Србија“.
Тој посочи дека како вистински пријатели и добри партнери Кина и Србија уживаат политичка доверба, која е силна како карпа.