Македонија
Македонија го победи Катар со 2:1
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска на пријателски натпревар го победи Катар со 2 спрема 1.
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска на пријателски натпревар го победи Катар со 2 спрема 1.
Двата гола за Македонија ги даде Горан Пандев и тоа во 25-тата и 40-тата минута.
Гостите од Катар поведоа во 24-тата минута со голот на Муса Харун.
Натпреварот на националната арена Филип втори го следеа околу четири илјади навивачи. /крај/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Николовски, наместо да презентира нови иницијативи, се претвори во промотор на авио-линии
„Николовски без визија за развој промовира речиси завршени инфраструктурни проекти од СДСМ По шест месеци на власт, ДПМНЕ освен промоции на веќе започнати проекти од времето на Владата на СДСМ, не понуди и не започна ниту еден нов капитален проект во патната инфраструктура“, велат од СДСМ.
Според нив ова е јасен показател за недостатокот на ДПМНЕ од идеи и визија за развој.
„Министерот Николовски, наместо да презентира нови иницијативи и планови за инвестирање во патната инфраструктура, се претвори во промотор на авио-линии, што е само рутинска обврска со авиокомпаниите, а не капитална инвестиција. Очигледно е дека капацитетот на Николовски и ДПМНЕ е ограничен на промоција на проекти кои над 90% беа реализирани за време на Владата на СДСМ. Пример за тоа е експресниот пат Куманово – Страцин – Крива Паланка, за кој Николовски вели дека е пример за „домаќинско работење.“ Министре Николовски овој проект 90% беше завршен во време на Владата на СДСМ и вистината е дека токму СДСМ покажа како стратешки се инвестира и работи во интерес на граѓаните“, посочуваат од СДСМ и додаваат:
„Доколку не беа блокадите од пратениците на ДПМНЕ, овој проект ќе беше завршен многу порано, дури и во текот на 2024 година. Инфраструктурата во истокот и североистокот доживеа вистинска експанзија токму за време на СДСМ, додека во времето на ДПМНЕ беше заборавена и запоставена. Понатаму, околу 92% од делницата Градско Дреново и над 80 % од делницата Дреново-Фариш исто така беа реализирани благодарение на домаќинското работење на Владата а СДСМ. Министре Николовски, СДСМ ви остави три завршени крупни инфраструктурни проекти за само да пресечете лента, но и тие иако со над 90% реализација не можете да ги довршите. Граѓаните имаат потреба од реални капитални проекти за безбеден транспорт и економски развој. СДСМ секогаш ќе биде на страната на политиките кои значат еконоски развој и просперитет на државата“.
Скопје
Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена Скопје изготви 334 записници во текот на минатата година
Во периодот јануари-декември 2024 година, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви и врачи 334 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти што се затекнати при одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.
Како резултат на овие активности, од страна на сторителите се расчистени 894 кубни метри непрописно одложен отпад. Најголем број на записници-вкупно 138, се изготвени во скопската општина Чаир. Во текот на минатата година, Еко-патролата реализираше и секојдневни интервентни патролни дежурства на таканаречените „црни точки“ – локации каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад. Најголем дел од овие локации се наоѓаат во скопските општини Чаир и Ѓорче Петров.
„Во општината Чаир, секојдневно непрописно се одлага отпад на булеварите Никола Карев (Пластичарска улица, на аголот со улицата Максут Садик) и Крсте Мисирков (до Зегин на Бит-пазар), како и улиците Џон Кенеди (до ООУ „Васил Главинов“) и Славеј Планина (во непосредна близина на скопското Теќе), додека во општината Ѓорче Петров станува збор за повеќе локации на улиците Лука Геров, Борис Сарафов, Ѓорче Петров, Христо Батанџиев и Македонска војска“, велат од ЈП Комунална хигиена Скопје.
Македонија
Македонскиот концепт: Ја осудуваме изјавата на Костадин Костадинов и бараме да ја признае реалноста
Македонски концепт најостро ја осудува „неодговорната и провокативна“ изјава на лидерот на бугарската крајнодесничарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов, во која се повикува на „логичноста“ за присоединување на Македонија кон Бугарија. Ваквите изјави се целосно спротивни на принципите на современата европска соработка, меѓусоседските односи и почитувањето на националниот идентитет, велат од Македонски концепт.
„Го повикуваме Костадинов, како и сите политичари во Бугарија, да се соочат со историската реалност и да прифатат дека македонскиот етнос е значаен дел од бугарската нација. Оваа вистина треба да се препознае како основа за зајакнување на мостовите на соработка, заемно почитување и заеднички напредок помеѓу Македонците и Бугарите.
Наместо продлабочување на поделбите, време е за создавање на заедничка визија за иднината, базирана на почитување на националните идентитети и културното наследство на двата народа“, се вели во соопштението на Македонски концепт.
Од таму додаваат дека остануваат посветени на промовирањето на овие вредности и на градењето на европска иднина за целиот регион.