Македонија
Македонската партија позитивно за иборите во Албанија
Македонска партија во Албанија неделава ги оцени годинашниве јунски парламентарните избори во Албанија како фер и демократски
Македонска партија во Албанија неделава ги оцени годинашниве јунски парламентарните избори во Албанија како фер и демократски, изразувајќи жалење што не освои барем еден пратенички мандат.
Од седницата на Централниот комитет во Тирана, партијата упати критика до изборните органи заради бавното пребројување на гласовите и воочената кражба на освоени гласови, дури и во изборни единици каде што беа нејзините кандидати на гласачките ливчиња, соопшти Светскиот македонски конгрес (СМК).
Поделбата на гласовите на Македонците, пред се во областа Мала Преспа меѓу Демократската, Социјалистичката и Македонската партија, го оневозможија потребниот цензус за барем еден пратенички мандат од изборната единица Корча, се наведува во соопштението.
Гласовите на Македонците во областа Мала Преспа не значат ништо за Демократската и Социјалистичката партија, но чинат еден пратеник Македонец во Парламентот на Албанија и на тоа мора да се работи.
Македонска партија и натаму ќе бара гранатирани етнички квоти и етнички зони за малцинските заедници во Парламентот на Албанија и ќе се залага за унапредување на положбата и правата на Македонците во цела Албанија. По изборот на Владата, Македонска партија очекува определени позиции во извршната власт врз основа на Договорот за коалиција со Демократската партија, наведува СМК/крај/с/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

