Свет
Уапсен еден од најголемите мексикански дилери на дрога
Мексиканските власти го уапсија озлогласениот шверцер на дрога наречен „Тигарот“, за кого велат дека пренесувал по половина тон дрога во САД секој месец и кој се подготвувал да го замени убиениот „капо“ на нарко-картелот „Синалуа“, јавува Assocaited Press
Маргарито Сото Рејес бил уапсен заедно си уште осум соработници во близина на градот Гвадалахара на запад на земјата, но полицијата не даде детаљи под какви околности бил уапсен 44-годишниот шверцер. Според полицијата, Сото Рејес тргувал и со синтетичка дрога по рутите кои ги воспоставил поранешниот лидер на „Синалуа“ Игнацио „Начо“ Коронел, кој во јули беше убиен при една престрелка со мексиканската армија. Полицијата при рацијата запленила дрога, оружје и пари. Меѓу уапсените бил човекот кој се претставувал како ветеринар за да набави хемикалии за прокурсори, потребни за изработка на синтетичките дроги како што е метаамфетаминот, како и две жени кои раководеле со лабораторијата. Полицијата соопшти и дека денеска во сојузната држава Чихуахуа, на северот на земјата, пронашла и тела на шестмина мажи, оставени џип покрај пат во една напуштена област. На сите м било стрелано во главата. Исто така, во пограничниот град Сиудад Хуарез од возило во движење на улица било исфрлено тело на мртов маж. Во градот Монтереј, пак, војниците од блиската база се нашле под оган кога отишле да проверат дојава дека еден ранч во близина бил окупирани од нарко-банда. Војниците возвратиле на оганот, при што убиле двајца од бандата, а потоа заплениле 12 пушки и преку 2.000 куршуми.Нарко-бандите честопати окупираат ранчеви во државите Нуево Леон и Тамаулипас на северот на земјата и потоа ги користат како тренинг-центри и прибежишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

