Македонија
Православните го слават најголемиот христијански празник – Божик
Македонските православни христијански верници денеска го слават Христовото раѓање – Божик, најголемиот христијански празник.
Македонските православни христијански верници денеска го слават Христовото раѓање – Божик, најголемиот христијански празник. Од изутрина во сите православни храмови на МПЦ се служат утринските божикни литургии, а верниците доаѓаат да запалат свеќа за Исусовото раѓање и да се помолат за здравје, мир и среќа.Денеска завршува 40-дневниот пост што кулминираше синоќа со богата посна трпеза за Бадник. Денеска, трпезата повторно ќе биде богата, но со мрсни јадења.Архиепископот на МПЦ, г.г. Стефан во традиционалната Божикна порака им порача на верниците да се потсетат на тоа колку достојно го следиме Христовиот пат.„Токму на Божик, денот кога Го прославуваме Неговото спасоносно рождество, прилика е да се потсетиме на тоа колку достојно го следиме Христовиот пат, колку ги почитуваме и исполнуваме заповедите и законите на верата. Само така подготвени ќе можеме вистински да Му се радуваме со пастирите, да Му се поклониме со мудреците и да Го славословиме со ангелите, и на овој и во сите денови“ вели г.г. Стефан./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

