Свет
Русија ќе купи оружје во вредност од 651 милијарди долари

Руското министерство за одбрана ги објави плановите за набавка на 100 воени бродови, повеќе од 600 авиони и 1.000 хеликоптери, согласно со програмата за набавки за периодот 2011 – 2020 г., пренесува Риа Новости
Според планот за набавки, вреден 651 милијарда долари, руското Министерство за одбрана ќе купи 10 системи за противвоздушна одбрана од најновата генерација „С-500“, кои ќе ги заменат постоечките системи „С-400“. Само оваа година, Русија ќе купи повеќе од 100 хеликоптери, вклучувајќи „Ми-26 Хало“ тешки транспортни хеликоптери, „Ми-28 Ноќни ловци“ и „Ка-52 Алигатор“ офанзивни хеликоптери.Претходно министерството објави дека годинава ќе купи два офанзивни брода „Мистрал“ од Франција, а уште две ќе бидат изградени во Русија под француска лиценца.До 2020 година, Русија ќе изгради уште осум стратешки нуклеарни подморници, кои ќе бидат опремени со ултрамодерните балистичките проектили „Булава“, проектили кои ќе влезат во служба во руската армија во текот на годинава.Русија исто така развива и нова генерација на тешки балистички проектили, кои ќе ги заменат проектилите од советската ера „СС-18 Сатана“ и „СС-20 Сабја“.Според заменик-министерот за одбрана Владимир Поповкин, околу 80 проценти од планираниот буџет ќе биде потрошен за набавка на оружја, а 20 проценти за научни истражувања за нови оружени системи.Истовремено, Русија преговара со Франција за набавка на напредна опрема за војниците од фирмата „Фелин“, наречена „војник на иднината“, која вклучува нов борбена облека со телесен оклоп, нов балистички шлем, рачни и други оружја и портабл компјутер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: НАТО се обидува да се зајакне на Блискиот Исток, Јужен Кавказ, Арктикот

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес го обвини НАТО дека ја пречекорува својата традиционална област на одговорност во обид да се здобие со упориште на Блискиот Исток, Јужен Кавказ, Централна Азија, Арктикот и Азиско-пацифичкиот регион.
Лавров изјави дека не се презентирани факти што ги поткрепуваат тврдењата дека Иран наводно подготвува напад врз Израел.
Тој оцени дека процесот на нормализирање на односите меѓу Русија и Соединетите Американски Држави е тежок и не е брз, објави РИА Новости.
Истакна дека нормализирањето на односите меѓу Вашингтон и Москва може да биде корисно за спречување на глобални кризи, пренесува Танјуг.
Свет
Израелската армија тврди дека Иран испукал нови ракети, Техеран негира

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека идентификувале нови ракети испукани од Иран кон израелска територија два часа по прогласувањето на прекинот на огнот.
„Одбранбените системи моментално работат на пресретнување на заканата“, се вели во соопштението.
Друго ажурирање додаде дека сирените за воздушен напад се огласиле во северен Израел откако биле откриени ракетите.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац објави дека им наредил на Израелските одбранбени сили (ИДФ) енергично да одговорат на она што тој го нарекува кршење на договореното примирје од страна на Иран.
„Им наредив на ИДФ силно да одговорат на кршењата на примирјето од страна на Иран со интензивни напади врз режимски цели во центарот на Техеран“, рече Кац во соопштението.
Од друга страна, иранските државните медиуми објавија дека Иран ги негира обвинувањата на израелските власти.
Свет
Израелскиот министер за финансии: Техеран ќе трепери

Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрих, утрово објави порака на платформата „Икс“ по новите ирански ракетни напади врз Израел, во која се вели: „Техеран ќе трепери“.
Објавата беше споделена пред околу еден час и предизвика многу реакции.
Смотрих, член на крајно десничарската партија Религиозен ционизам и близок сојузник на премиерот Бенјамин Нетанјаху, претходно поддржуваше силни воени одговори на иранските напади. Неговите коментари доаѓаат во услови на тензии и покрај најавеното примирје што стапи на сила утрово.