Македонија
Министерот за здравство со личен пример означи почеток на вакцинацијата
Министерот за здравство Бујар Османи в петок во Градскиот завод за здравствена заштита прими вакцина против грипот А(Х1Н1), со што го означи почетокот на вакцинацијата против новиот грип
„Најдобрата заштита од грипот е вакцинацијата и таа е на доброволна основа, но со тоа не само што се штитите себеси, вашето здравје, туку и вашите најблиски и помагате да се спречи епидемијата“, изјави по вакцинацијата Османи.Упатувајќи апел до граѓаните да се вакцинираат, Османи уште еднаш потсети на препораките на СЗО, дека вакцината е безбедна и најдобар начин на заштита.При вакцинацијата приоритет ќе имаат ранливите групи како бремени жени и хронични болни. Вакцинацијата против новиот грип во Македонија е бесплатна и ќе се врши во Центрите за јавно здравје ширум земјата, секој ден, во периодот од 8 до 20 часот за возрасни лица, како и во здравствените домови (во службите за вакцинација) за деца од шест месеци до 18-годишна возраст. Вакцините кои се употребуваат во Македонија се произведени од реномирани светски фармацевтски компании и се одобрени за употреба од страна на Агенциите за лекови на САД и ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

