Свет
Приведен првиот човек на ММФ

Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Доминик Строс-Кан, кој е осомничен за сексуално малтретирање нема да ја признае својата вина, јави Reuters повикувајќи се на адвокатот на приведените шеф на ММФ, Бенџамин Брафмен.
Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Доминик Строс-Кан, кој е осомничен за сексуално малтретирање нема да ја признае својата вина, јави Reuters повикувајќи се на адвокатот на приведениот шеф на ММФ, Бенџамин Брафмен. Доминик Строс-Кан, беше уапсен на аеродромот Џон Ф. Кенеди во Њујорк само неколку минути пред летот за Париз. Според Reuters, набрзо се очекува тој да биде и формално обвинет. „Очекуваме дека во рок од еден час тој ќе биде обвинет и со тоа тој ќе биде формално уапсен“ , изјави портпаролот на полицијата во Њујорк, Пол Браун. „Тој нема да се изјасни за виновен“, го цитира агенцијата адвокатот Бенџамин Брафмен. Во меѓувреме, од ММФ не го коментираат апсењето на раководителот на фондот. „Ние тоа го видовме на вестите, но само ќе ја коментираме работата на фондот“, изјавија кусо од ММФ.Строс-Кан, еден од можните кандидати за претседател на Франција, е обвинет за сексуално малтретирање на вработена во еден хотел на Тајмс Сквер. Според весникот The New York times, агенти во цивилна облека го уапсиле во авион на „Ер Франс“, десет минути пред да полета за Париз. Строс-Кан, една од најпопуларните личности во Франција, член на опозициската Социјалистичка партија, веќе една седмица е под опсервација на медиумите. Во почетокот на мај, весниците објавија фотографија на која е првиот човек на ММФ со скап автомобил „порше“. Во четвртокот, медиумите почнаа да пишуваат за неговото „погрешно“ однесување, предупредивајќи на можен пад на неговата популарност. Пред два дена, Agence France-Presse објави дека Строс-Кан има намера да го тужи весникот France-Soir, нарекувајќи гиж лажни информации дека тој шие костуми кај шивачот на американскиот претседател. Според оваа информација, шефот на ММФ ги користи услугите на шивач во Вашингтон, познат како Жорж од Париз (Georges de Paris. Меѓу неговите клиенти е и американскиот претседател, Барак Обама, а костумите чинат од седум до 35 илјади евра. Во прилог на информации за скапиот автомобил и услугите на претседателскиот шивач, медиумите пишуваат и за скапиоте елитен недвижен имот, која наводно му припаѓа на претседателот на ММФ. Според нив, брачната двојка Строс-Кан има шестособен апартман во 16-ти арондисман на Париз, еден стан од 240 квадратни метри на елитниот плоштад „де Вогез“ во центарот на главниот град, дом со површина од 380 квадратни метри во Вашингтон и недвижен имот во Маракеш (Мароко)./крај/ро/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Јас сум претседател-медијатор, сакам да решавам војни

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се гледа себеси како претседател-медијатор, нагласувајќи дека неговата цел е да помага во решавањето на конфликти ширум светот.
„Јас сум претседател-медијатор. Сакам да решавам војни“, рече Трамп за време на средбата со украинскиот претседател, Володимир Зеленки, додавајќи дека моменталната ситуација (мисли на Украина) не е лесна за посредување.
„Полесно е кога луѓето се разбираат, кога се среќаваат и кога си се допаѓаат еден на друг. Не сме баш во таква ситуација“, изјави тој пред новинарите, пренесе „Гардијан“.
Трамп спомена дека досега посредувал во осум конфликти, вклучително и на Блискиот Исток, и дека тековните напори се негов „деветти случај“.
„Ова ќе биде број девет за мене. Решив осум, вклучувајќи го Блискиот Исток… Не добив Нобелова награда, и не ми е важно тоа. Важно ми е да се спасувам животи“, изјави Трамп.
Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски: Подготвени сме на Америка да ѝ понудиме дронови во замена за „Томахавк“ ракети

Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
На прашањето дали таков договор би го интересирал, поранешниот американски претседател Доналд Трамп одговори: „Да, би нè интересирал. Во моментов имаме многу дронови – ги произведуваме сопствените, но купуваме и од други, а Украинците произведуваат многу добри дронови.“
Трамп беше прашан и што мисли за тоа Украина да употребува ракети за напад подлабоко во Русија. „Ќе разговараме за тоа“, рече тој.
„Тоа е ескалација, но ќе разговараме за тоа“.
Украина бара од САД да испорачаат ракети „Томахавк“ кои можат да погодат цели на оддалеченост од речиси 2.000 километри.