Свет
Ана ја отвора сезоната на урагани над Атлантикот
Американскиот Национален центар за следење на ураганите во Мајами објаву дека на Атлантикот се формира тропската бура Ана, кој може да се претвори во ураган
Центарот на бурата се наоѓа 1.630 километри од Остовот на северните ветрови, и во идните денови во тамошниот архипелаг ќе се воведе тревога од урагани. Се претпоставува деак бурата Ана во понеделник веќе ќе стигне до Малите Антили.Засега бирата се движи со брзина од 26 километри на час, но се претпоставува дека насккоро ќе ја зголеми брзината.Сезоната урагани над Атлантскиот Океан почнува на 1-ви јуни и трае до 30-ти ноември,а Ана е првата тропска бура која се формирал годинава.Американските метеоролози очекуваа дека ќе се создата уште десет бури, од кои четири можат да се претворат во урагани. Според овие прогнози, тоа би била релативно блага сезона, зашто според статистиките просечната сезона на урагани има 11 бури од кои шест стануваат урагани да два од нив се многу силни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела на 12 јануари, а на полноќ стапува во сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнерите).
Гласачките места ќе бидат отворени в недела од 7 до 19 часот.
Свет
Неверојатна сцена во Лос Анџелес: пожарот запре токму пред вилата на Том Хенкс
Куќата на Том Хенкс во Лос Анџелес за чудо сè уште постои.
Имотот вреден 26 милиони долари, кој 68-годишниот актер и неговата сопруга Рита Вилсон го купиле во 2010 година, за влакно избегна пожар во Лос Анџелес и остана недопрен. Огнената стихија буквално застанала пред нивниот двор.
Додека домот на Хенкс со четири спални соби и пет бањи изгледа недопрен, огромната вила покрај ридот над неговата куќа била уништена од пожарот, пишува „Пејџ сикс“. Том и Рита сѐ уште не се огласиле во јавноста за пожарот, но најверојатно морале да се евакуираат.
Чет Хенкс, синот на Том и Рита, претходно се огласи на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
„Населбата во која пораснав сега буквално гори до темел. Молете се за Палисадес“, напиша 34-годишникот на социјалните мрежи.
Свет
Густиот смог и загадувањето предизвикаа сообраќаен хаос во Њу Делхи
Густиот смог и исклучително лошиот квалитет на воздухот предизвикаа сообраќаен хаос во главниот град на Индија, Њу Делхи.
Видливоста во повеќе делови од градот беше намалена на нула во раните утрински часови, што предизвика застој во воздушниот, железничкиот и патниот сообраќај.
Според извештаите, повеќе од 150 лета биле одложени, а десетици возови доцнеле поради лошите временски услови.
Ова е чест проблем во северна Индија во текот на зимата кога ниските температури помеѓу декември и јануари ги држат загадувачите блиску до земјата намалувајќи ја видливоста и го отежнуваат патувањето, а истовремено создаваат опасни услови за дишење.
Индексот на квалитетот на воздухот (AQI) во Делхи беше над 400 во неколку делови од градот, според државната веб-страница „Сафар“, што е повеќе од 25 пати над безбедносната граница пропишана од Светската здравствена организација (СЗО).
Властите во главниот град повторно воведоа мерки за контрола на загадувањето, вклучително и забрана за градежни работи и преминување на учење преку интернет.
Фотографиите и видеата од Делхи и околните градови покажуваат дебели слоеви магла што ги покрива патиштата, фармите и зградите.
Аеродромот во Делхи издаде предупредување до патниците за можни доцнења поради намалената видливост.
„Додека полетувањата и слетувањата на аеродромот во Делхи сè уште се во тек, летовите што не се во согласност со стандардите CAT III може да бидат погодени“, се вели во соопштението. CAT III е систем што им овозможува на авионите да слетаат во услови на намалена видливост.
Според веб-страницата за следење летови „Флајрадар 24“, полетувањата од аеродромот во Делхи доцнат повеќе од 20 минути.