Македонија
Владата ги поддржува сите странски инвестиции

Владата го поддржува бизнисот и особено инвестирањето на странските компании во Македонија, изјави премиерот Груевски при денешната посета на Стримичко-дојранскиот регион
„Македонија е подеднакво отворена за сите инвеститори, како за оние од западните, така и за бизнис-партнерите од соседните држави, па и за оние од Грција.“, истакна премиерот Никола Груевски за време на денешната посета на културно-историскиот локалитет Римска терма во Бања Банско, кај Струмица, одговарајќи на новинарско прашање, зошто премиерот вчера беше во посета на грчка фирма во Дојран, а само пред два дена јужниот сосед направи инцидент и го услови учеството на нашата репрезентација во бадминтон во Поликастро, Грција, со уцената за името под кое македонската репрезентација е примена во Меѓународната федерација.Груевски посочи дека неговата вчерашна посета на дојранската фирма и на кои било други фирми со грчки капитал нема никаква врска со однесувањето на нашиот јужен сосед околу проблемот со името и дека бизнисот не познава граници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Улици во Чаир без вода, намален притисок во Топанско Поле

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради поврзување на нова со стара постоечка водоводна мрежа на улица Кемал Сејфула бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Џон Кенеди и дел од улицата Кемал Сејфула, а со намален притисок ќе остане населбата Топанско Поле во општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Делови од Ѓорче Петров и Чучер Сандево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 13:00 часот, објектите на Полициската Станица и базата на БППЗ во Ѓорче Петров, општина Ѓорче Петров;
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од нас. Кисела Јабука, општина Ѓорче Петров;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од селата: Побожје, Бродец, Танушевци, Брест и Малино, општина Чучер Сандево;
· од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Кадињача, општина Ѓорче Петров.