Македонија
К.З.Д: Итна ревизија на учебникот „Педагогија за трета година“

Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека содржината на учебникот „Педагогија за трета година“, „претставува вознемирување, предизвикува чувство на пониженост, повреда на достоинството на група луѓе, кое
Комисијата за заштита од дискриминација утврди дека содржината на учебникот „Педагогија за трета година“, „претставува вознемирување, предизвикува чувство на пониженост, повреда на достоинството на група луѓе, кое произлегува од дискриминаторска основа сторено од страна на Министерството за образование и наука и авторите на учебникот проф. Д-р Марија Костова, проф. Д-р Анета Баракоска, м-р Ели Маказлиева“.Од Коалицијата „Сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници“ соопштија дека Комисијата за антидискриминација му препорачува на Министерството за образование и наука да изврши ревидирање на содржината на учебникот и ревидираната содржина да не содржи елементи на вознемирување врз дискриминаторска основа.Во спорниот учебник под точката Сексуални определби во поднаслов „Опачините на сексуалниот живот“ стои: „Хомосексуалноста и лезбејството се варијанти на полов нагон и секако како опачини, се манифестираат со свртеноста на индивидуата кон сексуален партер од ист пол. Тоа може да биде присутно кај мажите и кај жените, но сепак кај жените е поретка појава. Меѓу така ориентираните лица и во двата пола има многу невротични и психотични личности.“Препораката е задолжителна и Министерството за образование и наука треба да постапи по истата и да ја отстрани повредата на правото во рок од 30 дена и за тоа да ја извести Комисијата.Од Коалицијата „Сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници“ ја поздравија одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација./крај/со/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)