Македонија
Директорите на Царинска управа нема да бидат менувани преку ноќ

Со новите предложени измени и дополнувања на законот за Царинска управа, кој треба да поминат на собраниска расправа директорот и заменик директорот повеќе нема да бидат именувани и разрешувани преку ноќ.
Со новите предложени измени и дополнувања на законот за Царинска управа, кој треба да поминат на собраниска расправа директорот и заменик директорот повеќе нема да бидат именувани и разрешувани преку ноќ.
„Предложените измени и дополнувања на Законот за Царинска управа се однесуваат на условите за именување на директор и заменик директор на Царинската управа и определување на начинот на престанок на нивниот мандат, рече актуелниот директор на Царинска управа Ванчо Каргов, денеска по презентирањето на сетот на закони кои Министерството за финансии и ги предложи на Владата.
Тој додаде дека со оваа измена за првпат се одредуваат критериуми кои ќе овозможат избор на стручни, компетентни и професионални лица на овие одговорни позиции, со мандат од 4 години.
Каргов истакна дека дел од најважните критериуми за избор на директор се степен на образование и работно искуство во сферата на финансиите, а исто така се дефинираат и критериумите според кои може да биде разрешен доколку не ги извршува коректно работните задачи.
На новинарско прашање дали со овие измени Каргов си обезбеди уште четири години директорување на Царинската управа, тој одговори дека не стои така работата и дека мора да постои мандат, а исто така владата може да го разреши доколку ги исполнува критериумите за разрешување./крај/бд/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно сончево и многу топло

Времето денеска, претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Македонија
Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).
Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).
Македонија
Тошковски од Мала Преспа: Македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на Македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот „Македонско културно лето“–симбол на истрајноста и духот на македонската заедница во Албанија.
„Фестивалот претставува жив сведок на богатството на македонската култура, уметност и традиција и испраќа јасна порака дека македонскиот идентитет не познава граници. Наша обврска е да го зачуваме и промовираме, секаде каде што чука македонско срце”, потенцираше министерот Тошковски.
Во рамки на посетата на Пустец министрите остварија средба со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колевски со кого разговараа за конкретни начини на поддршка од страна на македонската држава.
„Како Министерство за внатрешни работи, подготвени сме да го олесниме процесот за издавање на лични документи на оние жители кои имаат македонско државјанство и да преземеме мерки за олеснување на граничниот проток на преминот Стење, особено во сезоната на берба на јаболка, кога многу жители од овој крај доаѓаат на работа во Ресенскиот регион“, истакна министерот Тошковски.
Присутните вечерва имаа чест да го проследат настапот на велешкиот театар – силна потврда дека македонската култура обединува, каде и да се наоѓа.
„Мала Преспа е прекрасна, но уште повредно е чувството дека македонскиот дух тука живее силно и гордо“, заврши министерот Тошковски.