Свет
Активисти за човекови права уапсени во Белорусија
Група за заштита на човековите права од Белорусија тврди дека еден од нејзините членови е приведен од полицијата во врска со смртоносниот напад врз станицата на метрото во престолнината Минск на 11-ти април, пренесува Риа Новости
Група за заштита на човековите права од Белорусија тврди дека еден од нејзините членови е приведен од полицијата во врска со смртоносниот напад врз станицата на метрото во престолнината Минск на 11-ти април, пренесува Риа НовостиБелорускиот Хелсиншки комитет соопшти дека 50-годишниот Павел Левинов бил уапсен во понеделникот и ќе биде задржан за испрашување цели десет дена. Уште тројца други активисти новинари биле уапсени, но набргу биле ослободени. Полицијата не го потврдува соопштението.Опозициските фигури во Белорусија подолго време тврдат дека властите ќе ја искористат експлозијата во метро станицата, во која загинаа најмалку 13 луѓе, за разбивање на противниците на режимот во оваа поранешна советска република. Непосредно по терористичкиот акт, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, и нареди на Службата за државна безбедност (КГБ) да ја „превртат државата наопаку“ во потрага по одговорните. Иако не ја отфрли ни странската вмешаност, Лукашенко јасно посочи дека за нападот треба да се обвинат опозиционерите.Во Белорусија речиси немаше терористичко насилство текот на 17-годишното владеење на Лукашенко, а експлозијата се случи во моментот кога земјата се подготвуваше за девалвација на националната валута. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

