Македонија
Верниците слават Благовец и Лазарица
Верниците на Македонската православна црква денеска одбележуваат два големи верски празници, Свето Благовештение или меѓу народот познато како Благовец и Лазарева сабота.
Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април, односно девет месец пред Божик. На овој ден Гаврил се јави во архангелска светлина и `и соопшти на Света Дева Марија дека е одредена од Бога да го роди Спасителот.Се верува дека на Благовец и раната не боли, па на малите деца им ги дупнуваат ушињата за обетки . Иако паѓа во тешките Велигденски пости на Благовец се јаде риба. Покрај Благовец, во сабота се одбележува и Лазарева сабота, којашто е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден.На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар, во извршено од БогоЧовекот Исус Христос .Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Господ Исус Христос на Голгота. Толкувачите гледаат во него предобраз и своевидна духовна подготовка на тогашните сведоци за претстојното Христово воскресение. Своевремено Лазаревото воскресение беше доживеано како најсилен доказ за Божественоста на Господ Исус Христос пред тогашните Јудејци .На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците. крај/со/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

