Македонија
Постхумно доделен орден за заслуги на Тоше Проески
На Тоше Проески постхумно му беше доделен орден за заслуги за Македонија за високите дострели во неговата професионална музичка дејност.
Орденот го заслужи со исклучителниот придонес во промовирањето и збогатувањето на македонските културни вредности, како и за неговите активности на хуманитарен план преку реализирање на голем број хуманитарни концерти и добротворни настапи, а со тоа и афирмација на Македонија во светот.
Претседателот Ѓорге Иванов, орденот за заслуги му го врачи на Кристијан Ристески, внукот на Тоше Проески.
„Ќе бев среќен како и сите вие ако денес Тоше беше овде и лично го примеше овој орден. Тоше Проески беше како Диоген со фенерот кој со музика ја бараше хуманоста во луѓето. Тој е човекот кој нè поттикна со пишување нови страници од кои потомците по нас ќе умеат да ја дознаат вистинската димензија на зборовите, љубов надеж и верба. Со хуманитарните настапи и концерти нè задолжи да го продолжиме неговото дело. Со својот пример овој херој на современото време беше борец за вистинските вредности во животот. За неговиот искрен и длабок хуманизам и неговите уметнички квалитети и обединувачка енергија денес постхумно му доделуваме орден за заслуги за Македонија. Со овој чин Македонија свечено се обврзува да го продолжи сеќавањето за својот голем син да ја негува уметноста и хуманоста со која нè збогати,“ истакна меѓудругото претседателот Ѓорге Иванов.
На настанот покрај членовите на семејството Проески, негови соработници и пријатели, присуствуваа вицепремиерот Васко Наумовски, поранешниот претседател Киро Глигоров, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, ректорот на Универзитетот Свети Кири и Методиј Велимир Стојковски, градоначалникот на општина Крушево Васко Дамчески.
Тоше Проески е роден 25 јануари 1981 година, неговиот прв официјален настапат е на Златно славејче на 12 годишна возраст.Во неговата кратка но богата балканска музичка кариера ги издаде албумите „Некаде во ноќта“,„Синот божји“, „ Ако ме погледнеш во очи“, „Ден за нас“, „По тебе“ „Божилак“, „Игри без граници“.Постхумно се објавени „The hardest thing“ и „Тоше и пријателите“. Настапува на фестивали, освојува награди и ги полни концертните сали. Неговата музика го обедини Балканот.
Покрај уметничките квалитети, импонираше со својата хуманост, етичност и духовност. Во 2004 година беше именуван за амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Освои бројни награди за најдобар пејач, најдобри албуми, најтиражни албуми и најдобри песни. Неговиот живот трагично заврши на 17 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска.крај/сж
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.
Македонија
Сончево и релативно топло, максималната температура до 20 степени
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

