Свет
Пакистан е подготвен да го поддржи дијалогот меѓу Кабул и талибанците

Пакистан исто како и НАТО, е подготвен за поддршка на дијалогот меѓу Кабул и талибанците за евентуални помирувања, изјавил пакистанскиот министер за надворешни работи, истакнувајќи дека тоа е во интерес и на Пакистан, пренесува АФП.
Пакистан исто како и НАТО, е подготвен за поддршка на дијалогот меѓу Кабул и талибанците за евентуални помирувања, изјавил пакистанскиот министер за надворешни работи, истакнувајќи дека тоа е во интерес и на Пакистан, пренесува АФП.
„Станува збор за авганистанска иницијатива. Авганистанците треба да ја прилагодат и да ја водат политиката„, изјавил шах Махмуд Куреши, по доаѓањето на седница во Брисел, посветена на ситуацијата во Пакистан по поплавите.
„Пакистанците се тука да помогнат, да го поддржат тој дијалог, бидејќи мирот во соседен Авганистан е во интерес и на Пакистан.
Еден ден претходно, НАТО потврди дека ќе го поддржи таквиот дијалог меѓу талибанската и авганистанската влада, наведувајќи дека „шансите за помирување треба да се поголеми од посилен воен притисок”, според зборовите на генералниот секретар Андерс Фог Расмусен.
САД постојано го набљудуваат овој процес./крај/хина/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Американски државјанин уапсен во Ровињ: снимал голи деца во туристички камп

Полицијата на Истра уапси американски државјанин, кој тајно снимал голи деца во туристички камп и го сомничи за кривично дело експлоатација на деца за порнографија, соопшти полицијата денес.
Завчера, околу 19 часот, службениците за обезбедување во туристички објект во Ровињ пронашле 32-годишен државјанин на Соединетите Американски Држави како снима голи деца во близина на угостителскиот објект со мини камера со очила за сонце.
Полицијата веднаш била известена за сомнителното однесување на мажот, а службениците ги пребарале просториите и техничката опрема што ја користел осомничениот, како и содржината што ја снимил, и пронашле инкриминирачки материјал.
По завршувањето на кривичната истрага, вчеравечер осомничениот бил предаден на притворската единица на Полициската управа на Истра, со кривична пријава.
„Ваквите кривични истраги покажуваат дека јавноста е сè повеќе свесна за проблемот со снимањето деца и дека граѓаните препознаваат сомнително однесување, што овозможува навремена полициска реакција и апсење на сторителите“, изјави полицијата, која уште еднаш апелира до родителите да ги следат своите деца и да следат каде се и што прават на плажа.
Фото: принтскрин
Свет
Песков: Средба меѓу Путин и Зеленски пред крајот на август е малку веројатна

Средба меѓу рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски, пред крајот на август е малку веројатна, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков им рече на новинарите дека средбата на високо ниво меѓу Русија и Украина треба да стави крај на спорните прашања и да ги заокружи сите постигнати договори, пренесува ТАСС.
„Дали е можно да се помине низ толку сложен процес за 30 дена? Очигледно е дека е малку веројатно“, нагласи Песков одговарајќи на прашање за можноста за средба меѓу Путин и Зеленски пред крајот на август.
Тој рече дека ставот на Русија за завршување на конфликтот во Украина е многу добро познат. „Нашиот став е наведен во нацрт-меморандумот што беше доставен до украинската страна“, рече Песков.
Тој додаде дека во моментот нацрт-верзии на меморандумот за решавање на конфликтот во Украина се дијаметрално спротивни и дека руската и украинската страна имаат многу работа.
Зборувајќи за решението на проблемот во Појасот Газа, Песков изјави дека Русија отсекогаш поддржувала решение за палестинското прашање со две држави, пренесува „Танјуг“.
Фото: принтскрин
Свет
Стејт департментот одобри продажба на оружје во вредност од 322 милиона долари на Украина

Американскиот Стејт департмент соопшти дека одобрил предлог за продажба на оружје во вредност од 322 милиона долари на Украина за подобрување на нејзините капацитети за воздушна одбрана и обезбедување оклопни борбени возила на Киев.
Потенцијалната продажба, за која Стејт департментот го извести Конгресот, вклучува 150 милиони долари за снабдување, одржување, поправка и ремонт на американски оклопни возила, како и 172 милиона долари за ракетни системи земја-воздух, објавува АП.
Одобрението доаѓа неколку недели откога американскиот министер за одбрана Пит Хегсет нареди привремено запирање на испораките на оружје во Украина за да може Пентагон да ги процени резервите оружје.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, потоа го промени својот став јавно ветувајќи дека ќе продолжи да испраќа оружје во Украина, објавува агенцијата.
Трамп неодамна изложи план европските сојузници да купат американска воена опрема, што потоа би била испратена во Украина. Сè уште не е познато како најновиот предлог ќе влијае на овој аранжман.
Откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, САД обезбедија повеќе од 67 милијарди долари во оружје и безбедносна помош за Киев.