Македонија
НД бара премиерот и претседателот да се оградат од Енциклопедијата

Партијата Нова Демократија на Имер Селмани со меморандум во Собранието, од претседателот и од премиерот бара извинување
Партијата Нова Демократија на Имер Селмани со меморандум во Собранието, од претседателот и од премиерот бара извинување и јавно оградување од содржините во енциклопедијата на МАНУ кои според нив се навредливи за Албанците. „Ние претставниците на народот во Собранието, му се обраќаме на Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски и на Претседателот Ѓорге Иванов да ги покажат нивните државотворни капацитети и да побараат извинување и јавно да се оградат од навредливите елементи за албанскиот, американскиот и британскиот народ во Македонската Енциклопедија“, стои во меморандумот за разбирање, доставен во пратеничките групи во Собранието на Република Македонија . Нова Демократија смета дека треба да се решаваат проблемите на граѓаните и за тоа, како што образложија, и ја поднесуваат оваа иницијатива. Пратениците на партијата на Селмани не сакаат да одговорат дали ќе учествуваат на најавениот протест од Националната демократска унија на Фазли Шаќири. /крај/фо/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.
Македонија
Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.
„Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители“, вели Филков.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, претходно, на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. Нема да не запрат и нема да не поколебаат, напиша тој.
Македонија
Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање за реакција и помош. Го известиле дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и одтогаш немаат никакво примање.
„Веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување !!! Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам , Велигден на праг е и 1ви Мај а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата !!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност!“, напиша Кирков на социјалните мрежи.
Тој ги проѕва Град Скопје , Данела Арсовска и Зоран Попов сигнализирајќи и дека состојбата може да доведе до протести.