Македонија
Викиликс:Рикер убеден дека само Црвенковски може да го врати СДСМ на власт
Црвенковски е клучен играч од македонската независност и ќе продолжи да биде значајна сила во македонската политика. Тој е единствена шанса за СДСМ да се врати на власт. Ако СДСМ се издигне од пепелта, ние очекуваме евроатланската интеграција да остане во фокусот на партијата.
Црвенковски е клучен играч од македонската независност и ќе продолжи да биде значајна сила во македонската политика. Тој е единствена шанса за СДСМ да се врати на власт. Ако СДСМ се издигне од пепелта, ние очекуваме евроатланската интеграција да остане во фокусот на партијата.
Ова го напишал екс американскиот амбасадор Филип Рикер во земјава во 2009 година, сега висок функционер во Стејт Департментот во документот кој го објави Викиликс.
Тој додава дека пристапот на Црвенковски кон Грција и спорот со името е стратешки поразбирлив и помалку провокативен од оној на ВМРО-ДПМНЕ.
Во мај 2009 та, по завршување на претседателскиот мандат на Црвенковски, Филип Рикер испратил доверлив документ во Стејт Департмент, во кој го анализира неговото владеење, но дава и лични квалификации за македонските политичари .
„Амбасадата имаше одлични односи со Црвенковски, кој генерално се докажа како поразумен и пософистициран од Груевски, особено во однос на стратешко размислување за надворешните работи“, напишал Рикер.
Неговиот впечаток, како што се наведува во депешата, е дека за целиот свој мандат Црвенковски му бил трн во око на Груевски и наместо да работат на унапредување на целите на Македонија, двајцата политичари, како што пишува, меѓусебно се докажувале.
Во врска со ставовите за спорот со името, Рикер анализирал дека Црвенковски имал постратешки пристап од Груевски.
„Претседателот Црвенковски генерално има постратешки пристап од Премиерот Груевски, слушајќи го нашиот совет и охрабрувајќи го Груевски да не кажува НЕ на предлозите на Нимиц, дури и на оние најлошите“, пишува Рикер.
За претседателот Ѓорѓе Иванов, по неговиот избор, вели дека е без политичко искуство и харизма.
„Тој е академик без познавање на надворешните работи. Пред изборите многу ретко се среќаваше со претставници од меѓународната зедница, и тоа без да го земе со себе вицепремиерот и негов поранешен студент Ивица Боцевски. Со Иванов не можеше да се разговара за ништо суштинско и само кимаше со главата кога Амбасадорот му сугерираше да се посвети и на оние кои не гласале за него, за етничките Албанци и да ги вклучи и нив во неговиот кабинет. Иванов не е способен да ги остави оние импресии како Црвенковски кој е искусен политичар и има смисла за начинот на кој светот функционира“, вели Рикер./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува
Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.
На средбата треба да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања.
СДСМ одби да учествува на средбата. Левица најави присуство, како и коалициските партнери во Владата – ЗНАМ и и ВРЕДИ.
Вчера попладне, своето присуство го потврди и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја одби поканата со образложение дека се против тоа во иднина да нема техничка влада која, како што образложи е гаранција за фер избори, а дека за реформските закони ќе гласаат во Собрание.

