Контакт

Македонија

Бојко Борисов: Бугарија ја поддржа Македонија во ЕУ

Објавено пред

Бугарија ја поддржа Македонија на состанокот за надворешни работи во Брисел, вели во интервју за Дојче Веле на македонски јазик бугарскиот премиер Бојко Борисов. Изразува надеж дека тоа “ќе биде ценето“ од македонска страна.

dobivaj vesti na viber

Бугарија ја поддржа Македонија на состанокот за надворешни работи во Брисел, вели во интервју за Дојче Веле на македонски јазик бугарскиот премиер Бојко Борисов. Изразува надеж дека тоа “ќе биде ценето“ од македонска страна. “Нашиот став беше таков како што се договоривме со премиерот Груевски, Бугарија ја поддржа Македонија и се надеваме дека тоа ќе биде ценето од Вашата држава“, изјавува Борисов. Во однос на информациите за бугарска воздржаност на министерскиот совет, Борисов коментира: “Оние кои со таквите информации сакаат да ги влошуваат односите со Македонија нема да успеат.“ Првиот министер во бугарската Влада директно не ги коментира шансите на Македонија да добие датум за преговори за време на шпанското претседателство. “Јас ги поздравувам нашите македонски соседи кои од 19 декември ќе можат слободно да патуваат во Европската унија. Тогаш за првпат ќе можат да сфатат колку е различно времето во кое живееле, и колку е потоа променета состојбата. Колку е подобро да си во ЕУ, во НАТО и да се развиваат добрососедските односи. Јас се надевам дека по 19 декември Македонците ќе сфатат колку поблиски пријатели треба да бидат со Бугарија.“, вели Борисов. Во однос на неговото одбивање да го спомене постоењето на македонскиот јазик, Борисов вели: “Секоја држава има сопствени внатрешно-политички проблеми. Јас имав еден многу избалансиран одговор, искажав јасна позиција во однос на Македонија, која беше договорена со претседателот на државата. И во вашата и во нашата држава има такви кои се враќаат назад во историјата, но тие треба да се остават настрана. За официјална Софија не е проблем македонскиот јазик. За нас единствениот проблем е Македонија и Бугарија да станат развиени европски држави. Не е пријатно кога ќе видите дека во Скопје и во Софија има дупки по улиците. На тоа треба да се стави акцентот. Како да се подобрат економската клима, трговијата, услугите итн.“Бугарскиот премиер учествува на Конгресот на Европските народни партии што се одржува во Бон. /крај/дв/ач



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ЕСМ: Пустошот што го остави СДСМ во РЕК Битола не е можно да се надмине преку ноќ

Објавено пред

Од

Наместо да преземе одговорност за затекнатите лоши состојби во РЕК Битола и да се огради од нивните кадри кои во моментов се или во притвор или во бегство, СДСМ се дрзнува да критикува за состојби директно создадени од нив. Предизвиците во производството на електрична енергија, особено во РЕК „Битола“, се токму благодарение на погрешните и нечесни политики што ги водеше СДСМ во ЕСМ и во најголемиот рударско-енергетски комбинат, реагира ЕСМ на обвинувањата на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од таму велат дека актуелното раководство затекнало состојба на хаос, празни депонии на јаглен, уништени рудници во кои се работело надвор од рударските проекти, запоставена рударска механизација, несоодветно одржувани капацитети и нереализирани редовни ремонти.

„Таму, вработените, за време на грејната сезона, па и во моментов, деноноќно функционираат во состојба на готовност за да се справат со сите предизвици и несоодветно одржуваната техничко-технолошка опрема“, се вели во реакцијата.

Од ЕСМ велат дека СДСМ функционира врз основа на шпекулации и фабрикувани полувистини.

„Да потсетиме, и пред пет месеци, среде грејна сезона, тврдеа дека РЕК Битола само што не колабирал. Сепак, фактите ја демантираат опозицијата. И покрај сите затекнати проблеми, во првиот квартал годинава ТЕ Битола произведе 11,6% повеќе електрична енергија во споредба со истиот период лани кога кадрите на СДСМ управувале со комбинатот. За истиот компаративен период, трошоците за ископ на јаглен се намалени за 60 проценти, додека производната цена на РЕК Битола е намалена за 33 евра за произведен мегаватчас. Да потсетиме, според „успешното“ менаџирање на СДСМ, во првото тромесечие лани цената на производството од РЕК Битола изнесуваше 126,66 евра, додека за истиот период изнесува 96 евра. Во однос на ремонтните активности, тие почнаа минатиот месец и се одвиваат во согласност со планот“, пишува во реакцијата.

Во енергетиката, додаваат од ЕСМ, особено во капацитети како РЕК Битола, не постојат инстант решенија и санација на состојбите преку ноќ. „Она што СДСМ го уништи за седум години, е невозможно да се санира во краток рок. Напротив, со посветен пристап и макотрпна работа, се преземаат системски мерки за целосна стабилизација на работните процеси. Впрочем, и резултатите го потврдуваат тоа“, велат од ЕСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Се воведува „One Stop“ систем на преминот Табановце – Прешево

Објавено пред

Од

Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ, денеска во Белград потпишаа договор за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце – Прешево кој треба да овозможи имплементација на „One Stop“ систем со цел побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави.

dobivaj vesti na viber

„На мое огромно задоволство го потпишавме договорот врз основа на кој нашите две држави ќе имаат заедничка контрола на граничниот премин Табановце-Прешево со што ќе овозможиме побрз трансфер и проток како на стоки и услуги, така и на луѓе на нашата граница. Со имплементација на системот очекуваме за двојно да се забрза трансферот на луѓе, а по потпишување и ратификација на договорот ќе можеме да започнеме со тест фазата од аспект на техничко решение и се надеваме дека пред почетокот на летната сезона ќе можеме и официјално да го ставиме во функција и да го забрзаме протокот на луѓе.“, потенцираше министерот Тошковски.

Тошковски нагласи дека продолжува и понатаму одличната соработка со српската полиција во борба против сите видови криминал и во текот на оваа летна сезона ќе продолжи проектот за размена на полициски службеници на Србија во Охрид и македонски полициски службеници на настани коишто ќе се одржуваат во Србија.

Дачиќ потенцираше дека целта на овој договор е можност уште повеќе да им се помогне на граѓаните полесно да ги преминуваат граничните премини и со тоа да се олесни протокот на луѓе и материјални добра.

„Денес го потпишавме договорот меѓу двете влади за воспоставување на заеднички контроли за меѓународен патен сообраќај Прешево-Табановце каде воспоставуваме нов процес на работа кој има за цел поедноставување на комплетната процедура на граничните проверки така што полициските службеници на земјата домаќин ќе бидат овластени покрај влезната гранична контрола на својата земја ќе ја извршат и излезната гранична контрола на соседната земја. Така го воспоставуваме „One Stop“ системот со едно место на контрола.“, нагласи министерот Дачиќ.

„One Stop“ системот неодамна беше имплементиран со Косово на граничниот премин Блаце-Елез Хан, ќе следува имплементација и со Република Албанија, така што Македонија ќе го има имплементирано овој систем со сите земји-соседи кои не се дел од Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Директорот на БЈБ, Јанев на работна средба во касарната „Ѓорче Петров“ и СВР Куманово

Објавено пред

Од

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев денеска во касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје оствари работна средба со челните луѓе на Единицата за интервентна полиција, ОСПО односно САЕ Тигар и ЕБР како и со раководството на Секторот за внатрешни работи Штип и на СВР Скопје.

dobivaj vesti na viber

„На средбата директорот Јанев беше информиран за сите детали околу вчерашните и синоќешни заеднички активности на овие организациони единици при БЈБ околу расчистувањето на кривично-правниот настан што вчера се случи во Штип, во кој што едно лице беше убиено, а сторителот на кривичното дело како и останатите инволвирани во настанот набргу беа лоцирани и приведени од страна на полициските службеници од ЕИП, СВР Штип и СВР Скопје“, се наведува во соопштението.

Притоа, директорот Јанев изразувајќи благодарност на полициските службеници истакна дека целокупната акција е извонреден практичен пример на крајно професионално, координирано и ефикасно заедничко постапување на полициските служби.

Инаку, директорот Јанев искористувајќи ја посетата на касарната „Ѓорче Петров“ положи цвеќе и оддаде должна почит пред споменикот на загинатите припадници на Единицата за брзо распоредување при БЈБ на МВР.

Воедно директорот Јанев одбележувајќи го датумот од трагичните настани во кумановско „Диво Насеље“ денеска на споменикот на трагично загинатите припадници на МВР во кругот на СВР Куманово положи цвеќе.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Измами со превозот на ученици – пријава против ексдиректорка на училиште од Куманово, шест вработени во МОН и две фирми

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука,...

Македонија2 часа

Во Кочани си дојдоа деца што цел живот ќе немаат раце, толку бргу ли нè заборавивте? – проговори мажот што се врза за бандера во Скопје

Мажoт, кој на скопскиот плоштад се залепи со селотејп за бандера, го направил тоа за да испрати силна порака и...

Македонија2 часа

„Да, виновен сум“ – Васил Јованов призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина

Васил Јованов на денешното прво рочиште призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина Кулакова. Одговарајќи на прашање на...

Македонија3 часа

(Видео) Кузеска за убиството во Штип: Како е возможно турски државјанин да поседува пиштол

Безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. Македонија гори од насилство, убиства по улици, криминал и безредие. Вчерашното убиство во Штип...

Македонија5 часа

Време е да сфатиме дека „Генералка викенд“ треба да прерасне во генералка 365 дена, вели претседателката Сиљановска-Давкова   

Просторот околу скопскиот акведукт, кој со децении е депонија, треба да прерасне во парк, заклучија утрово претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот...

Македонија6 часа

(Видео) Убиецот имал четворица помагачи, сите се oд Турција и се приведени

Четворица помагачи имал убиецот кој пукаше во кафуле во Штип. МВР соопшти дека било пукано кон Е.О.(25) од Република Турција, по...

Македонија7 часа

Уапсен убиецот што вчера пукаше во Штип

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент...

Македонија7 часа

„Влен“: 9 и 10 мај – црни денови во Куманово, албанските куќи гореа додека министрите на ДУИ се чешлаа

„Во темната колективна меморија на Албанците во Северна Македонија, 9 и 10 мај 2015 година ќе останат засекогаш како денови...

Топ8 часа

Извршен увид по пукањето во Штип: убиениот и напаѓачот се странски државјани

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено...

Европа8 часа

Британскиот премиер: Ќе направиме сè за да ја уништиме операцијата на руската флота во сенка

Велика Британија објави дека ќе санкционира до 100 танкери за нафта од таканаречената руска флота во сенка, со цел да...

Свет9 часа

Џеј-Ди Венс: Војната меѓу Индија и Пакистан не е наша работа

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Индија и Пакистан треба да ги деескалираат тензиите, но додаде дека САД не...

Свет9 часа

Американци: Вистина е, Пакистан собори индиски „рафал“ со авион од кинеско производство

Борбен авион Ј-10 од кинеско производство, кој им припаѓал на пакистанските воздухопловни сили, собори најмалку два индиски воени авиони, потврдија...

Топ10 часа

Пукање во Штип, едно лице повредено

Едно лице е повредено во пукање што се случило вчера вечер во кафуле на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип. Според...

Свет19 часа

(Видео) Папата Лав 14 го одржа првиот говор: „Бог нè сака сите, безусловно“

Новиот поглавар на Католичката црква, папата Лав 14, вечерва се појави на главниот балкон на базиликата „Свети Петар“ и го...

Македонија22 часа

Набавена медицинска опрема вредна 13 милиони евра никогаш не е ставена во употреба

Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не е ставена во употреба во медицинските установи, утврди Државниот завод за ревизија. Тоа најмногу...

Македонија23 часа

Порака на Гаши од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Претседателот на Собранието, Африм Гаши и делегацијата во посета на Италиjа имаше средба со сенаторката Ема Паванели, која е и...

Македонија1 ден

По десет години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“: Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за несреќата кај Ласкарци

Апелациониот суд Скопје информира дека зголеми дел од казните на обвинетите за несреќата кај Ласкарци, која ја предизвика неисправниот автобус...

Топ1 ден

Дете натепано од соученик во Ѓорче, насилството снимано со телефон и објавено на социјална мрежа

Случај со малолетничко насилство во Скопје заврши во рацете на полицијата. Според пријавеното во МВР, пред два дена, на 6...

Македонија1 ден

Коцевски тврди дека истрагата за Кочани не е селективна, а можно е да биде проширена

Jавниот обвинител Љупчо Коцевски тврди дека нема никаква селективност во истрагата што се води за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во...

Економија1 ден

Дурмиши ги предупреди трговците: Ако има енормно зголемување на цените, ќе има поригорозни мерки

Нови поригорозни мерки ќе бидат воведени доколку Државниот пазарен инспекторат утврди енормно зголемување на цените на производите по укинувањето на...