Македонија
Одложени 800 милиони евра инвестиции во Србија
Странските инвеститори поради актуелната економска криза се решиле да ги одложат планираните инвестиции во Србија, чија вредност е проценета на 800
Странските инвеститори поради актуелната економска криза се решиле да ги одложат планираните инвестиции во Србија, чија вредност е проценета на 800 милиони евра.
Ова денеска го соопшти новиот претседател на Советот на странски инвеститори во Србија Александар Радивојевиќ.
„Странските инвеститори кои работат во Србија, но и потенцијалите инвеститори, како одговор на актуелната економска ситуација, решија да ги замрзнат одлуките за понатамошни вложувања. Според проценките станува збор за 800 милиони евра инвестиции, во нови или во постоечки бизниси“, рече Радивојевиќ.
Запрашан, на колкав период се одложени инвестициите, Радивојевиќ оцени дека првите проценки ќе бидат изнесени на есен.
„Неспорно е дека кризата ќе помине и дека компаниите повторно ќе инвестираат веднаш, штом ќе дојдат првите знаци за завршување на кризата“, рече Радивојевиќ. /крај/б92/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наутро услови за магла, во текот на денот претежно облачно
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови. Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец (над 60 km/h).
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на 3 затворачи на улицата Франклин Рузвелт 37, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Франклин Рузвелт, Рампо Левката и Дрезденска, вклучително и домот „Здравко Цветковски“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Сарај, Центар, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 11.00 часот, дел од корисниците на ул 4и 10во сарај кај Џамијата (општина Сарај)
· во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од ул.Васил Стефановски и 20ти Октомври (општина Центар)
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците на ул.Ловќинска кај Германска Амбасада (општина Карпош)
· во периодот од 01.00 до 13.00 часот ул.Михајл и Ефтихиј и Георги Димитров (општина Кисела Вода)
во периодот од 11.00 до 14.00 часот ул. 18,38 и ул.40 во Стајковци (општина Гази Баба)

