Македонија
Гардето: Загрижени сме за веродостојноста на Избирачкиот список
Загрижени сме за веродостојноста на Избирачкиот список кој останува проблем за сите избори кои ПССЕ ги набљудуваше во земјава од 1994, изјави денеска претседавачот на предизборната делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Жан Шарл Гардето.
Загрижени сме за веродостојноста на Избирачкиот список кој останува проблем за сите избори кои ПССЕ ги набљудуваше во земјава од 1994, изјави денеска претседавачот на предизборната делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Жан Шарл Гардето. Претседавачот истакна дека проблематични предвремени избори ќе влијаат на евроинтеграцискиот процес на земјата и затоа од интерес на сите политички партии е да има слободни, фер и демократски избори на 5 јуни. „Делегацијата беше информирана за загриженоста за можно насилство, случаи на заплашување, посебно во јавната администрација, злоупотреба на административните ресурси и потребата да се обезбедат нормални услови за слободно изразување на волјата на граѓаните. Властите на „Поранешната Југословенска Република Македонија“ ја уверија делегацијата дека ќе бидат преземени сите мерки, за да се избегнат нерегуларности во врска со изборниот процес“, истакна Гардето. Делегацијата на предизборната мисија забележува дека изменетиот Изборен Законик, доколку се применува соодветно, би можел да гарантира соодветна правна рамка за одржување на демократски избори. Сепак, мисијата смета дека измената на постојните закони не е доволна, и тие треба да бидат поддржани со јасна волја на главните политички актери, поткрепени со конкретни активности за да се создаде клима на доверба. Во овој поглед, делегацијата жали што измените на Изборниот Законик беа усвоени од Собранието со тесно мнозинство, само два месеци пред денот на изборите и дека сите опозициски партии го бојкотираа гласањето. Сите политички актери, според Гардето, имаат огромна одговорност кога се одржуваат избори во едно мултиетничко општество, посочувајќи дека меѓуетничките тензии генерално се зголемуваат во текот на изборните кампањи. Тој и неговите колеги, истакнаа дека се задоволни од тоа што Државната изборна комисија, и покрај неодамнешната оставка на нејзиниот поранешен претседател и назначувањето на нов претседател, продолжила да работи со непречено функционирање. Предизборната делегација на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) го посети Скопје за да ја процени ситуацијата на подготовка и политичката клима пред одржувањето на предвремените парламентарни избори на 5 јуни Членовите на делегацијата Жан Шарл Гардето, кој е шеф на делегацијата, Бираг Кауфер, Бернар Марке и Јаако Лааксо се сретнаа со Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, Претседателот на Собранието, Трајко Велјановски, Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи, Михајло Маневски министер за правда, потоа со лидерите на главните политички партии кои учествуваат на изборите, со Борис Кондарко, претседателот на Државната изборна комисија, со Зоран Стефановски, претседател на Советот за радиодифузија, со шефот и членовите на делегацијата на Македонија во ПССЕ, како и со претставници на меѓународната заедница, граѓанското општество и медиумите. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

