Свет
Лавиринтот со кумановските цигари на црниот пазар нерешлив
Кризата во Тутунскиот комбинат Куманово продолжува и со новите сопственици. Лани стечајниот управник на неколку акционерски друштва Зоран Стојанкиќ, во улога на адвокат, ги донесе припадниците на кумановското семејство Сејдии на преговарачка маса со малите акционери и вработените во ТК Куманово.
СЛУЧАЈ „ТУТУНСКИ КОМБИНАТ КУМАНОВО“ (1)
Зоран Божиновски
Кризата во Тутунскиот комбинат Куманово продолжува и со новите сопственици. Лани стечајниот управник на неколку акционерски друштва Зоран Стојанкиќ, во улога на адвокат, ги донесе припадниците на кумановското семејство Сејдии на преговарачка маса со малите акционери и вработените во ТК Куманово. Во тој момент 51 отсто од акционерскиот капитал поседуваше американскиот бизнисмен со грчко потекло Василис Морфопулос. Тој никогаш не се појави во Комбинатот, иако повеќе од една година беше сопственик. Него и неговите луѓе во Куманово ги донесоа претседателот на синдикатот и истовремено секторски директор Миодраг Ѓорѓиевски, извршниот директор Новко Николовски, кој не смее никаде да стави свој потпис, и Драги Цветановски, бивш претседател на надзорен одбор во акционерското собрание. По неколкудневни преговори, договори, потпишувања застапништва во корист на Бајруш Сејдии, неговите луѓе го презедоа раководењето на комбинатот. Го задржаа истиот раководен тим: Ѓорѓиевски, Николовски, Цветановски. Сејдии воопшто не бил запознаен дека за ТК Куманово неколку години се води истрага против поранешниот генерален директор Тодор Чушкаровски поради извозот на цигари во Африка, преку кипарската фирма „Алдемур трејдинг“ од Никозија, склучен во мај 2003. година. Потписници на договорот за извоз на повеќе непознати марки цигари се Јанис Стамудис од кипарската фирма и Тодор Чушкаровски од македонска страна. Произведувачот, според договорот, зел обврска месечно да произведува 30-35 контејнери цигари, а Стамудис требало да ги пласира на африканскиот пазар. Иако беа произведени големи количества од овие цигари, владата на СДСМ, поточно министерот за финансии Никола Поповски не дозволи да бидат извезени. Истрагата против Чушкаровски за оваа зделка е се уште во тек.
ТК Куманово има и друг многу поголем проблем. Комбинатот на Владата со години и должи околу 8 милиони евра на име неплатени акцизи, уште од времето на соработката со пропаднатата „Македонија табак“. Иако имаше повеќегодишни напори за решавање на овој проблем, ниту една Влада и ниту еден министер за финансии до денес не ставија параф на документ со кој долгот на ТКК ќе биде отпишан. Овој проблем и проблемот со илјадниците хектари имот загубен во виорот на кризата од 2001 година во општината Липково, претставуваат две непремостливи бариери за Бајруш Сејдии и неговото семејство.
Освен проблемите со акцизите и со имотот во Липково, Сејдии имаат проблем и со хипотекарните оптоварувања наследени од претходниците на Василис Морфопулос. Речиси 80 отсто од зградите на Комбинатот се ставени под хипотека, средствата од земените кредити се потрошени или исчезнале во непозната насока, а на Комбинатот и на вработените им се оставени нерешливи проблеми. Згора на ова, проблем се и раскинатите лиценцни договори со БАТ и други странски партнери, кои знаат дека во овој комбинат биле произведувани фалсификувани брендови на цигари. Едноставно кажано, со години ТКК е на црната листа на Интерпол поради шверц на цигари и фалсификување брендови, како што беше случајот со цигарите „монте карло“, „асосс“, „регал“, „партнер“ итн.
Дека ова е точно покажува и факс-пораката испратена од Јанис Стамудис на 24 јуни 2004 година до Тодор Чушкаровски во контингентите цигари за Африка да нема цигари од марките „ријади“ и „рим“, бидејќи истите во шверц-варијанта, произведени во ТКК, веќе ги има на пазарот. Ова значи дека црните цигари од Куманово не ги сакале ниту на црниот пазар во Африка.
Последен и најголем проблем сепак се вработените. Нивните проблеми почнати во мај 1999 година, кога Љубе Бошковски и Пане Велев првпат извршија упад – никако да престанат. Оттогаш до денес се сменија повеќе газди. Чушкаровски беше избркан од моќници од ВМРО-ДПМНЕ во ноември 2000 година по многу превирања и тешка синдикална борба. Дојде Стевчо Коцевски, кој заедно со неговите роднини и пријатели, директорите Славко Бурназовски, Благоја Цветковски и Сали Џељадини почнаа да го водат комбинатот. Владееја до падот на Георгиевски во 2002 година. Пред заминување, Коцевски со пакетот акции од 51 отсто зеде кредит во Тутунска банка. Акциите ги дава во залог. Кредитот не го враќа, па банката една година подоцна станува сопственик на ТКК. Вработените, предводени од Миодраг Ѓорѓиевски, ги бркаат Коцевски и неговите од комбинатот. Го вратија Тодор Чушкаровски. Тој во соработка со синдикалецот Миодраг Ѓорѓиевски во текот на 2004 година, заедно со неговиот пријател Јанис Стамудис, „измислија“ американски партнер од кипарско потекло. Василис Морфопулос, во декември 2004 година, застапуван од Љубица Рубен, на берзата ги купи акциите на ТКК, кои беа под контрола на Тутунска банка.
Но и со Морфоплос, за вработените во ТКК проблемите не престанаа. Никој не ги реши нивните социјални проблеми – заостанати плати, акции, дивиденда, уплата на придонеси
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте: Новата арктичка мисија на НАТО е многу значајна
Отфрлајќи ги критиките дека новата арктичка мисија на НАТО е само ребрендирање на постојните активности, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека тоа е „многу значајна“ иницијатива.
НАТО предложи нова операција „Арктички стражар“ завчера, која би ги консолидирала заедничките вежби во областа под команда на алијансата.
Сепак, дипломатите и експертите веруваат дека ова е главно комуникациски потег насочен кон смирување на Доналд Трамп, како и одговор на заканата што ја оценуваат како во голема мера претерана.
Руте објасни дека мисијата ќе има „чекор-по-чекор пристап“ и ќе започне со обединување на „постојните вежби и активности“ на алијансата во регионот под една команда за да се утврди „што друго ни треба“.
Врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандиер, исто така ќе биде замолен да испита како „најновите иновативни технологии“ можат да се користат на Арктикот.
фото/Depositphotos
Свет
Макрон: Русија е значително ослабена од конфликтот
Францускиот претседател, Емануел Макрон, тврди дека Русија всушност е значително ослабена од конфликтот.
Според него, Русија влегла во рецесија, станала целосно зависна од Кина, има демографски проблем и се соочува со воен неуспех.
Макрон нагласи дека Европејците сега станаа „единствениот извор на воено финансирање“ за Киев, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, кои побараа од Европа да ги засили своите напори.
Тој верува дека не може да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија без учество на Европејците.
„Ние ќе бидеме дел од решението и треба да бидеме дел од решението“, рече Макрон. Тој додаде дека токму тоа е причината зошто неговата канцеларија неодамна воспостави контакт со Москва.
foto/Depositphotos
Свет
Тројца скијачи загинаа во лавина на француските Алпи
Тројца скијачи загинаа откако беа однесени од лавина во луксузниот француски алпски скијачки центар Вал д’Изер, изјави за новинарите Седрик Боневие, задолжен за патеките на одморалиштето.
Боневие рече дека една жртва е француски државјанин, додека другите се странци.
Тој додаде дека инцидентот се истражува.
Медиумските извештаи велат дека инцидентот се случил надвор од пистата.
Се чини дека една од жртвите била зафатена од лавина високо на планинската падина, додека другите двајца биле во група од пет скијачи, вклучувајќи и професионален водич, пониско од планината каде што не можеле да ја видат катастрофата што се приближува.
Не е познато што ја предизвикало лавината, рече Боневие.
Метео Франс, националната метеоролошка служба, во четвртокот го стави подрачјето под црвена тревога поради ризик од лавини.
фото/Depositphotos

