Македонија
Викиликс: Проблемот за името-причина за тензичен состанок во Брисел

Тензична атмосфера преовладувала на годишниот состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација на Македонија и Европската Унија, одржан во јули 2009-та година во Брисел, открива Викиликс.Причината била проблемот со името и барањето на грчките претставници на состанокот на таблите поставени пред македонските претставници да биде напишано името ПЈРМ, а не само името и функцијата на секој поединец. Македонските претставници одбиле да го направат тоа и постоело опасност да го напуштат состанокот, стои во дописот испратен од Брисел. Ситуацијата, според Викиликс, ја смирил шефот на шведската дипломатија, Карл Билдт, кој во улога на претседавач со Унијата, издејствувал македонската делегација да остане на состанокот. /крај/wl/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош, Студеничани, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 14:00 часот, дел од корисниците од населба Бардовци, (во околината на фирмата СВИСЛИОН), општина Карпош;
· од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од селата: Елово, Црн Врв и Малчиште, општина Студеничани;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Трајко Бошковски, општина Ѓорче Петров;
· од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Добри Дол, општина Сопиште.
Македонија
Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка-реката Треска

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје и тоа во понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот“, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во Струмичко

Вчера полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, село Нивичино.
Поради разгорување на пожарот и опасност кон викендици и лица што дејствуваат во гаснење на пожарот полицискиот хеликоптер со прецизни налети дејствуваше во близина на патот и објектите кои што беа обиколени со пожар за да се обезбеди безбеден премин и да можат екипите од терен на безбедно да извршат евакуација на загрозените лица и да се повлечат на безбеден терен.