Контакт

Македонија

Македонија во борба против корупцијата според британски модел

Објавено пред

Од исклучително значење е што и македонската полиција ќе можат да се запознаат и да го имплементираат британскиот модел на справување со организраниот криминал и корупцијата.

dobivaj vesti na viber

Од исклучително значење е што и македонската полиција ќе можат да се запознаат и да го имплементираат британскиот модел на справување со организраниот криминал и корупцијата.Ова во четвртокот го зијави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска при По потпишувањето на Меморандумот за соработка кој во име на владата на Велика Британија го потпиша амбасадорот на оваа земја во Република Македонија, Кристофер Ивон,  „Проектот заради којшто денеска сме тука, насловен како ’Профилирање на британскиот модел на криминалистичко разузнавање во Македонија’, а којшто ќе се реализира со стручна и финансиска помош на нашите пријатели од Велика Британија, е дополнителен и бездруго мошне значаен исчекор во борбата против корупцијата и организираниот криминал“, истакна меѓу другото министерката за внатрешни работи  Гордана Јанкулоска при денешното потпишување на Меморандумот за соработка кој ќе овозможи реализација и финализирање на проектот за „Профилирање на британскиот модел на криминалистичко разузнавање во Македонија“, а кој што во наредниве шест месеци до 30 јуни ќе се изведува со стручна и финансиска помош на владата на Велика Британија.Министерката Јанкулоска потенцираше дека денешниот чин всушност е уште една потврда за, како што рече, „исклучително силната соработка меѓу двете земји и нивните институции, но и мошне важната за нас во Македонија, поддршка што во континуитет ја имаме од цладата на Велика Британија, не само во насока на зацврстување на нашиот евроинтегративен пат, туку и во севкупното реформирање на македонското општество“, дополни Јанкулоска,Покрај ова македонската министерка за внатрешни работи нагласи дека „од исклучително значење е што сега, во рамките на нашата постојана соработка, и македонската полиција, односно вработените во Центарот за сузбивање на сериозен и организиран криминал, ќе имаат можност да се запознаат, едуцираат и да го имплементираат британскиот разузнавачки полициски модел, една од најстарите но и најквалитетните полициски практики во борбата против сите облици организиран криминал“. Притоа Јанкулоска посочи дека овој модел е базиран на анализата на податоците и разузнавањето и придонесува за квалитетно, објективно донесување на одлуки коишто, пак, помагаат во намалувањето и спречувањето на криминалот. „Сето тоа го добиваме преку стратешкиот менаџмент и ефективните стратегии кои на целиот тој систем му даваат максимална функционалност во спроведувањето на законот насочен кон сериозниот криминал и неговите актери.  Моделот првпат е воведен во Велика Британија и подразбира пристап од горе па надолу при спроведувањето на законот. Разузнавачките податоци стигнуваат до оние кои што ги носат одлуките на извршно ниво и ги одредуваат приоритетите, кои потоа се проследуваат надолу за доделување на оперативни задачи“, истакна Јанкулоска. Инаку буџетот на проектот кој го обезбедува британската влада како и експертите од тамошните ресори за внатрешни работи и за правда чини околу 46 илјади фунти (3,3 милиони денари)./крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Намалена видливост поради магла на Плетвар и Пресека

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража кој во мометот не се здржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на Плетвар и Пресека, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Делови од Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци. (Општина Бутел)

· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)

· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците со бр. 1 и бр. 9 во с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локални врнежи од дожд

Објавено пред

Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Времето во наредните денови

Во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет37 минути

Рубио пристигнува во Будимпешта, ќе разговара со Орбан, Сијарто: Ова е златно доба

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта, а според американскиот Стејт...

Европа42 минути

Заедничко писмо од германските и британските воени команданти: Постои морална причина за вооружување

Шефот на британските вооружени сили, Ричард Најтон, и неговиот германски колега, Карстен Бројер, се залагаат за поголеми инвестиции во одбраната,...

Европа2 часа

(Видео) Украинците жестоко нападнаа руски регион: останаа без струја и греење

Украинските напади со беспилотни летала предизвикаа делумни прекини на електричната енергија и греењето во западниот руски регион Брјанск, соопштија локалните...

Свет2 часа

Масовниот убиец од Бонди Бич се појави на суд, адвокатот: Тој живее во тешки услови

Мажот осомничен за пукањето на прославата на еврејскиот празник Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј во напад во кој...

Македонија11 часа

30 домови во скопската општина Сарај се под вода по обилните дождови

Повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени, теренските екипи интензивно интервенираат Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во...

Македонија14 часа

(Видео) Големи поплави во Кичево, ЦУК на терен

Според вонредните информации од Центарот за управување со кризи за состојбата до 17:00 часот со обилните врнежи, во Скопскиот Регион,...

Македонија17 часа

Во Гостивар две деца и нивната мајка останаа заробени во домот поради поплавите

Поради непрестајните врнежи и излевањето на реките, западниот дел на Македонија се наоѓа во вонредна состојба. Во Кичево, стотици семејства...

Македонија19 часа

Обилните врнежи предизвикаа поплави во повеќе региони, во Кичево евакуирани околу 180 лица

Центарот за управување со кризи информира за состојбата по обилните врнежи од дожд заклучно со 12:30 часот, при што се...

Македонија19 часа

Можни излевања на реките, критична состојба во Полошко, Кичевско и Пелагонија

Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување за значително зголемување на водостојот на реките во западните делови од државата, по...

Македонија21 час

Измени на Законот за електронски комуникации за укинување на трошоците за роаминг

Со измени на Законот за електронски комуникации, што се поставени за расправа на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) државава...

Свет24 часа

Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен

САД му понудија на Киев 15-годишни безбедносни гаранции, но Украина сака повеќе и смета на период од најмалку 30 години,...

Топ2 дена

Петнаесет возачи се лишени од слобода во еден ден поради возење без возачка дозвола

Петнаесет возачи се лишени од слобода вчера поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под...

Македонија2 дена

Ја давел и ја претепал бремената партнерка, се спасила откако го убедила да ја носи на лекар, па побегнала додека стоеле на семафор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишен маж осомничен за кривично дело Телесна повреда според член 130 став 2...

Македонија2 дена

Градоначалникот Ќура ангажирал фирма што ќе утврди зошто е загадена водата во Струга

Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, најави дека на 16 февруари приватна институција од Скопје ќе ги утврдува причините за загадувањето...

Македонија2 дена

Осомничениот за убиството за жената од Челопек е поврзан и со други кривични дела

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек, каде беше пронајдено безживотно тело...

Македонија2 дена

Убиство во Челопек, 78-годишна жена задушена со перница

Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна...

Македонија2 дена

Љубов или вино: што навистина славиме на 14 февруари?

Секој 14 февруари, истата ситуација – некои го препознаваат само Свети Трифун, додека други го сметаат Свети Валентин, или Денот...

Македонија3 дена

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ3 дена

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија3 дена

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...