Македонија
Одложено рочиштето за несреќата на бродот „Илинден“
Одложено е рочиште што требаше да се одржи во понеделникот од судскиот процес за бродската несреќа на бродот „Илинден”
Вештото лице Игор Џурков, побара од судот дополнителен период за комплетирање на наодите од дополнителното вештачење на системот за управување со бродот, додека застапникот на оштетената страна, пак, побара да се изнесе како доказ и преведи на германски јазик, правилникот за работа на бродскиот регистер- германски „Лојд “ кој ја вршел техничката контрола на бродот “ Илинден”, како би се видело кои биле должностите и обврските на „ Лојд”, јавува Охридњуз.Димитрија Цобоски, правниот застапник на првообвинетиот Сотир Филески, побара да се види дали постои посебно овластување издадено од страна на Владата на РМ на германски „Лојд”, врз основ на кој бил извршен технички преглед на бродот и издаден сертификат во 2006 година.Следното рочиште е закажано на 6- ти јуни.Бродот „Илинден“ потона на 5 септември 2009 година, на околу 300 метри од брегот на Охридското Езеро, во близина на авто кампот „Елешец“. Притоа животот го загубија петнаесет бугарски туристи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.
Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.
Македонија
Почина таткото на Тоше Проески
Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.
„Светол патот, татко мој“, напиша таа.
Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на магистрален гасовод од Свети Николе до Велес
За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе, изјави Драган Ковачки, носител на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот“, рече Ковачки.
Повика на излезност на изборите на 8 мај.